Pametot vi vo Prespa-Zaspa hahaha...
Eve ovie kraparite kako go cistat mestoto od sitna riba...
I eve terenot prazen...
A ova e toa sto site go nejkeme.. Rade i Caparius znaat deka so ovie nema spas...Mozebi ke se resea mnogu rab ako ezeroto dobiese stopanski ribolov barem eden ke stavase mrezi i ke gi brkase drugite,,,,
Da ne stavam poveke vakvi grozni sliki gi ima mnogu....
Добро, ова е дел од реалноста!
Меѓутоа, морам да подвлечам дека работите се менуваат и тоа на добро. Јас и Мики сме таму долго време. Јас континуирано 22 год.
Беше тешко кога бев сам со трски, и кога влегував во сериозни и многу дури и опасни средби со мрежарите. Меѓутоа, лека полека, тоа што го правев таму, предизвикуваше интерес. Луѓето ми приоѓаа, ја гледаа опремата, ги допираа топчињата што висат на конец, ги мирисаа... Ја гледаа мојата ефикасност... па дури некогаш ме снимаа, а и неколку пати тобивав аплауз на отворена сцена, што да сум целосно искрен многу ми пријаше.
Но што би рекле на ова: синот на еден од попознатите риболовци од чукундедо со мрежи, последниве неколку 2-3 години многу често ми прави друштво до сигнализаторите, а лани тој и некој од ликовите на сликите, седеа со мене во чамец, ловеа крап на тапа, и се караа (до тепање) со падобранец од Прилеп кој сакаше да постави мрежа!!!
Истото тоа момче (синот на мрежарот), ме молеше да правиме боили заедно, да не го заборавам ако одам негде на скришно да формирам ново ловиште и сл.., а го знам од дете како со таткому поставувал мрежи. тие луѓе тоа го прават од памтивек, тоа им е во крвта. Но ... од некои причини го засакаа ова што јас го правам. Коначно на сликата каде има гужва од рибари и трски, еден телескоп е мој, не ми го враќаа, и доаѓаа постојано разни деца да им врзувам удици, бидејќи сеуште не го знаат тоа. Цената за оваа преобразба, секако ја плаќаат рибите. Меѓутоа, природата таму, е многу дарежлива и тоа што децата, меѓу кои и тие на мрежарите, го вадат со удица е малку или ништо во споредба со школото што јас и Мики успеавме таму да го инсталираме.
Вирусот наречен спортски риболов, таму е неизлечиво пуштен. За жал ми требаа цели 20 год да ја менувам атмосферата таму. Лани се "такмичев" со едниот од сликите. Тој е неповратно заразен за ловење крап со удица.
На крај... приказната не е лесна, индоктринацијата со нашава пасија исто така, ама тие што ме знаат, знаат дека тешко се одкажувам од своите цели. Уште мојот Вардар да имаше повеќе доверба во мене...