Дечки, да не ви го кршам филмот ама морам да се вмешам. Јас секоја година преку лето ги посетувам овие места. Кога ке затопли водата за да може да се влезе, на сцена стапуваат локалните мрежари и оние со раце што фаќаат. Не еднаш се случило да ми влезат у вода да фаќаат со раце на пола метар од тапата. Идат по 7-8 фаци така да ништо не им можеш, се собираш и бараш друго место (кое претходно тие го посетиле). Дури играат мајтап со тебе, те прашуваат “јаде ли“.
Инаку порано, пред 5-6 години овие места даваа кленови над кило без проблем ( на капина, црница-дудинка, жапче и слично, ја не сум фатил такви ама сум бил сведок на такви улови
). Чести беа и уловите на блинкери, воблери и се разбира на мушица. Имаше место за секого и за секаков вид на риболов. Незнам која година беше кога Пчиња ја порибија со Крап, таа година и годината после тоа се извадија убави крапчиња до 3-4 кг, (незнам дали се вратени во вода). Но за жал сето тоа е минато сега. Останува само уживанцијата во дивата природа. Се надевам дека оваа година нема да биде иста ситуација и дека ќе се вратат убавите денови кога кленот ги виткаше стаповите.