Иако после последниот риболов реков дека нема да одам по риба,срце јуначко не издржа.По муабетите дека на Пчиња се јавува по некој бојник, решив да ја испитам ситуацијата на терен.И покрај најавите за многу променливо и врнежливо со снег време во петокот приквечер отидов за Бадар.Во саботата сабајле иако росеше отидов на реката.
Реката сеуште доста голема, но бистра, зелена.Оние што одат на дупките онаму кеде што беше однесен патот сеуште тече вода, и тоа со кратки чизми нема шанси да се помине,само колку да имаат претстава колкава е водата.
Почнав од сеперацијата па надолу ама некако не ми фаќаше око.
Застанав кај каменоломот местото се вика сајла.Од карши фрлаа двајца рибари но како што рекоа ништо,нема ни да мрдне.Но мене ми се допадна местото, а и порано сум вадел на тоа место во зима.Само што пачнав да фрлам дојдоа двајца рибари над мене.Помуабетивме малку мавнавме по некоја ракија и почнавме да ловиме.Јас фрлав на француско и на леб.Мајсторот над мене прв закачи добар бојник,а за десетина минути и јас.
Многу убаво парче картал што викаме ние рибарите.По дваесетина минути мајсторот над мене закачи уште еден.Се се случи во период од четриесетина минути,и потоа штама несака да пипне.Рибите удрија на бел црв, јас ловев со 5m трска,тапа 1,5gr,конец главен 14ка,подвез 10ка и јадица Mustad 13.Околу 14h водата се замати од сеперацијата од Коњаре се собрав и си отидов.Рибите удрија кога почна да се мати водата.
Бојникот го пуштив назад,не дека беше само еден,беше навистина добро парче,туку дека беше страшен борец и ми направи кејф.Го пуштив да се радува на животот како што му се радуваме и ние,и ако опстане до пролет да се измрести и да уживаме во риболовот со неговото потомство.
Наредното утро снег, пофрлав до 11h ништо се собрав и назад.
Навистина долго размислував дали да ја ставам репортажава на сајтот,но сепак вреди да го споделам ова мое искуство со вас,риболовот е пред се спорт и уживање,а јас токму тоа и го доживеав иако фатив само едно парче.