Според Закон, секој оној кој издава дозвола за рекреативен риболов треба да издаде и прирачник за да го запознае риболовецот со неговите права и обврски. Овој прирачник ќе им укаже на риболовците дали ноќен риболов е дозволен или не е, дали се дозволени 2,3,5 ... трски, кои количини на риба смее да ги земе и сл.
Дали со државната дозвола се доставуваат прирачници и во колку страни се испишани истите затоа што треба да содржат информации за сите води во МК
?
За секоја рибиловна вода се изработува РИБОЛОВНА ОСНОВА. Доколку некој сака да “чита прекувремено“ еве му линк од Сл.весник каде се објавени риболовните основи за сите езера во РМ (има “само 584 страни)
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/63483 ... A0CD4B.pdf
Во риболовната основа за секоја риболовна вода се наведени сите параметри до кои рекреативниот риболовец треба да се придржува ( мрест, големина, количина, период, трски и сл.)
Единствен прирачник (за државната дозвола), со сите параметри кои треба да ги содржи, за сите риболовни води каде таа важи, би било едно добро “книжуле“
и мислам дека такво нешто нема да видиме.