Денес успеав на кратко да ги посетам на Треска. Убава дружба, добро е што имаше луѓе што дојдоа. За жал не можев многу да останам заради обврски, а дозвола си извадив претходниот ден.
Тоа што го направија Вардар, нема многу да го коментирам, ама по се изгледа она "Империјата го возврака ударот" им е докаде застанале со гледање на серијалот Star Wars. Не го гледале изгледа третиот дел да знаат како се завршува
Ја пробав на Атанасовски трската, свич трска беше. Прв пат зафрлувам со таква, на почеток ми се виде малку погломазна и потешка за контролирање но со малку зафрлување и вежбање може поголеми далечини и поголема прецизност да се достигне. Идеално беше избалансирана со шнурот. Реално шнурот беше повеке од одличен. Атанасовски, имаш мал проблем со тој шнур, кога го зафрлуваш кај што не треба, самиот оди кај што треба, одличен
Мислам дека 7ка беше.
Што повеке вакви дружења толку поубаво.