www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Дек 25, 2024 8:20 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЗР ТРЕСКА - Кичево
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 13, 2011 11:02 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 08, 2011 8:35 pm
МислењаCOLON17
ЛокацијаCOLONКичево , Македонија
Концесионер на риболовниот ревирот е Здружение на риболовци ТРЕСКА Кичево кое постои од 1953 година и е константно концесионер на ова подрачје. Член на здружението може да биде секој полнолетен граѓанин со добивање на членска книшка и легитимација за рекреативен риболов од МРФ. Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација од МРФ, членска од здружението и дозвола од МЗШВ.
Риболовниот ревир Треска 1 е атрактивен риболовен ревир, каде доминатен вид треба да биде македонската пастрмка. Особенио посветуваме внимание на зачувување и зголемување на популацијата на македонска пастрмка во нашиот риболовниот ревир.
Риболовниот ревир го порибуваме исклучително со порибителен материјал од автохтона македонска пастрмка од регистрирани репроцентри, а добиен од матици кои се ловени и потекнуваат од нашиот предел годишно законски имаме обврска да порибуваме 3000-5000 единки со просечна маса од 10-50 грама.
Големина под која не смеат да се ловат Пастрмка35см ,Бела мрена35см ,Црна мрена15см ,Клен30см ,Скобуст 25см ,Попадика 20см.
Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.
Временски период во кој е забранет риболов
Пастрмка Од 01. октомври до 28/29. февруари наредната година
Скобуст Од 15. април до 15. мај
Клен Од 05 мај до 15 јуни
Попадика Од 05 мај до 15 јуни
Бела мрена Од 15мај до 15 јуни
Црна мрена Од 15 мај до 15 јуни
На реката Треска покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите се воведува забрана за риболов на пастрмка во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници и летните месеци јули и август).
На риболовниот ревир “Треска 1” како специфична локација каде се мрести македонската пастрмка се определува делот од изворот до мостот на патот Кичево-Битола.На локациите каде се мрестат рибите, во периодот на мрест се забранува секаков вид риболов, освен риболов за научно-истражувачки цели и изведување на вештачки мрест.
Порибувањето со автохтона македонска пастрмка да се извршува секоја година со одгледан подмладок со маса од 10 до 50 грама во периодот од септември до декември, или во периодот јануари и февруари наредната година, а најдоцна до 15 април.
Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовен ревир “Треска 1” се определлува на:
- македонска пастрмка до 2 (два) примероци
- виножитна пастрмка неограничено
За риболовен ревир Треска 1 единственото ограничување е бројот на уловени примероци пастрмка.
При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки.
Риболов на пастрмка со природни мамки на р. Треска е строго забрането. Користењето на природни мамки во риболов на пастрмка се третира како криволов.
При вршењето рекреативен риболов на останатите видови на риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.
Поздрав од Кичево до сите спортско/рекреативни риболовци !

ЗР “Треска“ - Кичево
Живко Туфекџиоски 22
Кичево
(045) 221 988
(045) 221 920

повеке информации за ревирот :arrow: viewtopic.php?f=17&t=720&p=47147#p47147

_________________
Риболовот Несподелен Со Пријатели е Чиста Загуба На Време !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 13, 2011 1:12 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
Докторе убаво ова опфатено од твоја страна,требаше малку да се подобјасни вака пошироко за Треска,туку викам како е моментално дај ни некоја свежа информација пошо сакам викендов да идам на спиење таму


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 13, 2011 4:54 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 08, 2011 8:35 pm
МислењаCOLON17
ЛокацијаCOLONКичево , Македонија
Јас ловам со блинкер воблер и мушица .Сликата е неколку години стара пробував само како се качи слика иначе уловена на бел црв не е моја ја чувам како типичен примерок од македонска пастрамка од нашиов ревир а оваа нема ни 20 см далеку е од порцијаш. Забраната кај нас е на сила имаме неколку пати разговарано со инспекторатот не ни дозволуваат да ловиме прават контроли на терен, а што се однесува до Козјак тамо се ловеше без никаков проблем до пред месец дена сега има гласини дека имало алфи на терен ама колку е точно незнам наши риболовци ловат без проблем тамо ама никој не гарантира дека нема да има контрола .

_________________
Риболовот Несподелен Со Пријатели е Чиста Загуба На Време !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 13, 2011 5:11 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 08, 2011 8:35 pm
МислењаCOLON17
ЛокацијаCOLONКичево , Македонија
Неколку примероци на Македонска пастрамка од нашиов ревир .
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

_________________
Риболовот Несподелен Со Пријатели е Чиста Загуба На Време !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 13, 2011 10:09 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Doktore
mnogu dobra reportaza.
Ne sum znael deka treska e tolku kontrolirana i deka nekoj vovel nekakvi pravila.
Ribolov za vikend i toa na vestacki mamki za primeroci nad 25 cmm.......ova lici na nesto i se nadevam deka taka e vo praksa a ne samo na hartija. bravo i ke se sretneme na reka koga ke dobiete koncesija.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 14, 2011 6:40 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 08, 2011 8:35 pm
МислењаCOLON17
ЛокацијаCOLONКичево , Македонија
Малце по малце почнуваме со едукација на нашите членови што повеќе испочитуваме од прописите повеќе ќе имаме за риболов , на терен не е сјајно меѓутоа имаме подобрување од предходните години почнавме со поредовни контроли на волонтери неколку казни неколку предупредувања повеќе пати се собираме разговараме голем проблем ни е моментално забранот за риболов ама оптимиста сум ќе работиме колку што можеме да направиме нешто за идните генерации .

_________________
Риболовот Несподелен Со Пријатели е Чиста Загуба На Време !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 14, 2011 7:15 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Pozdrav dr Kiko. Mislam deka i period od dve godini moze da gi promeni rabotite znacajno.Ako se raboti sega, ke ima i za nas i za slednite generacii. Go imam doziveano toa. Od unisteo rekice, za mnogu kratok period uspea da gi svrtat rabotite 100% (zboram za edno rekice kaj sto ziveam sega).
Se napravi akcija na procistuvanje na rekata , se donesoa eden kup kamenja kako bi stvorile uslovi za mrest na pastrmkata i denes taa reka e najgolem " proizvoditel na pastrmka vo celiot region. Prosecnata tezina e 3 kg. I seto ova bez poribuvanje.
Nego nekolku prasanja. Procitav deka ima i vinozito pastrmka. Imas li soznanija dali ona uspeva da se izmresti u Treska?
Dali imas informacija kolkava e najgolemata ulovena od ovoj vid a kolkava od nasata pastrmka?

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 14, 2011 10:21 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 08, 2011 8:35 pm
МислењаCOLON17
ЛокацијаCOLONКичево , Македонија
Од македонската низ рибарите крузат информации за до 7 кг јас имам видено уловена од 5.5 кг а во неделата со харпун е уловена 5.2 кг тука во Кичево, од Винозитната имаме примероци до 3 кг ги има во поголем број на изворот од треска каде што има 4 рибници населена е вештачки и мои сознанија се дека брзо се прилагодува и се мрести во природни услови .

_________________
Риболовот Несподелен Со Пријатели е Чиста Загуба На Време !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 14, 2011 10:32 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
INTERESNO

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Последна промена од 2 на ilija, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболовен ревир ТРЕСКА 1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 14, 2011 10:49 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Rainbow ili Vinozito pastrmkata i ne se mresti taka lesno sekade. Iako rekite vo Svedska vo princip ne se zagadeni, postojat samo nekolku primeri na izmrestuvanje. I toa ne sekoja godina nego ponekogas. Toa go se racuna kako uspeh poradi faktot sto taa riba trazi posebni uslovi za mrest. Najgolem e cista voda. Dokolku potocnata pastrmka uspeva da se izmresti vo edna voda ne e nikakva garancija deka i Rainbow pastrmkata bi se izmrestila vo istata.Po osetliva e i standardite za cista voda i se povisoki od potocnata ili morskata pastrmka.
Zatoa i go postaviv ova prasanje. Znaci mrest na Rainbow pastrmakata vo edna voda e odlicen pokazatel za kvalitetot na vodata.
Bas me zainteresira da go posetam vasiot reon vo nekoja prilika.
Pozdrav

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum