... Емил, јас како и сите рекреативни риболовци државната одма ќе ја смениме за регионалната, пошо е подобра и за нас и за вас. Е сега ако вие од друштвата не ги прикажвите парите кои се доплајќаат за регионалната не мојш да ми кажиш дека имаш појќе ќар од државната. Утопија на разговор!!! Од државната не гледаш ни „банка“ а од регионалната добиваш ...
Еве го мојот став за Државната дозвола. Ќе се цитирам затоа што веќе повеќе пати сум го кажал истото.
Државната дозвола, со овие услови пропишани во Законот, МОРА да е со ВИСОКА цена.
Кој од риболовците риболоват на цела територија на РМ?
- Богатите, или поточно оние со релативно високи примања. Риболовењето на цела територија од РМ повлекува уште многу дополнителни трошоци за риболовците, па не можат тоа да си го дозволат риболовците со просечни примања. Од овде произлегува дека не може да споредуваме минимална плата на ниво од РМ и државна дозвола.
Државната дозвола треба да биде луксуз и привилегија за парајлиите.
Ако јас се прашувам, реална цена за државна дозвола треба да биде 10 000 - 12 000 ден. (ова е кажано само како цифра, не сакам некој да помисли дека некој веќе предложил годишна дозвола од 6000 ден.)
На крај, не знам зошто се крева толкава фама околу државната дозвола.
Речиси сите ние најчесто риболовиме на одредена вода, за таму ќе си платиме годишна. Секој наш излет на друга вода ќе не чини една дневна дозвола од таа вода. Ако направиме есап, ќе видиме дека нема да излезиме повеќе од 20 пати на други води, па со просечна дневна дозвола од 200 ден ќе потрошиме 4000 ден. Годишната за водата каде најчесто риболовиме ќе биде околу 2000 ден. (просечна цена).
Значи вкупно 6 000 ден. за цела година и тоа на рати (дневните не ги плаќаме наеднаш).
Кој просечен риболовец ќе има потреба од повеќе излети?
А, ако има таков тогаш тој си има во џебот и треба да плати.
... Емил, јас како и сите рекреативни риболовци државната одма ќе ја смениме за регионалната, пошо е подобра и за нас и за вас.
Е сега јас овде не можам да сватам кој се тоа ние и вие? Ако под „Вие“ мислиш на концесионерите, тогаш пак ќе најдиш и таму риболовци. Значи нема ние и вие.
Инаку ако ме прашуваш мене, најдобро е воопшто да нема дозволи. Државата да си плаќа рибочувари и порибување, а јас, односно ние и вие, да си ловиме колку можиме и неможиме. Се да си регулира државата и да не се замараме ниту ние, ниту вие со вакви проблеми. Се да е бесплатно. Да не ме боли глава дали сум се замерил со некого, а и тебе да не те боли глава колку треба да платиш дозвола. Се нека си плаќа Државата, а ние само да уживаме.
Треба да поставам анкета за ова? Што мислите колку ќе гласаат против?