Точно е Спиро, дека реките ни се загадени и тоа не можи да се реши на локално ниво,туку само на државно и со странска помош или кредити.Како разбрав Прилипчани ќе градат пречистителна станица,а се надевам по нив и ние ... еден ден .Тоа што водите ни се загадени, ни малку не ја намалува одговорноста на концесионерот заради незаштитата на рибниот фонд.Можи вистина, рибите се загадени,ама не одат сите на риби за да пржат риби навечер,туку се оди и од ќеф .
Во бившото друштво,се менваа раководства,слушавме за разни финансиски мучки,ама сепак колку толку го чуваа и обиколуваа равирот.Ова сега е претерано.Барем еднаш да излезеше во ревирот,да побара дозволи,да му ја видевме фацата.Да не се плаши, да не го истепа некој? Па не го тераме во Арачиново да бара дозволи ...
И пак ќе повторам,најпоштено е да се откажи од концесионерсвото и да му го препушти на некој кој е поспособен.Само така можи да се спаси она што преостана од рибниот фонд.