Менаџерот нема потреба да биде искусен крапџија. Во погорниот пост се обидов да објаснам дека се работи за чисто менаџерски способности околу бркање и обезбедување средства, планирање и организирање на превоз, пријавување и комуникација со ЦИПС, сместување. Не глеам дека нешто ти фали за ова Сале. Бољи во моментов не знам. Време е за Македонија.
Искусен крапџија треба да е
тренерот, за на стаза, да знае да сними, пренесе, да носи решенија и одлуки, да осмисли заедно со тимовите тактика, видови мамци, прихрани, подготовки.
Капитенот треба да е јазичар и да ги знае добро правилата на ЦИПС и повеќе да функционира како делегат.
Во минатото често се поистоветуваа тренерската и капитенската функција. Но заради секојдневните состаноци за време на натпреварот, многу време се губи натака навака и често повеќе време се проаѓа со ЦИПС отколку со сопствените натпреварувачи. Тоа истоштува. Затоа мислам дека многу подобро и поефикасно е тренерот да биде ослободен од такви состаноци и да биде цело време на стаза.
Кога секој од наведените добро би си ја завршил работата тогаш се дава огромен придонес за евентуален успешен настап. Најважно е совеста да е чиста, дека се е направено што е во наши моќи, макар и да не го освоиме она што сме го планирале, сме направиле се тоа да го постигнеме. А успехот, покрај ксметот, е последица на добра атмосфера, тимска работа и давање максимум од секој кој е составен дел на Репрезентацијата.