Јас го топам шеќерот за во спод микс, ова е исто одлично и за оние кој ловат на метод фидер.
-500гр.Птичја храна
-500гр.Мелена пченка
-500гр. Јачмен
-500гр.Ќуспе (и немора)
-800-1кг шеќер
-Пудинг од карамела (2-3) кесиња
-Палента
Приготвување:
Се става шеќерот до фаза на топење каде во истата стопена смеса (карамела) се додава
литро ипол вода, се меша додека не пожолти. Смесата при додавање на вода повторно кристализира,
но при мешање се разредува со водата и добива златна боја.
Се уфрла палентата и се меша додека се вари и додека не нарасне.
Пудингот се вари на најнормален начин.
Двете готови смеси се мешаат и тоа е тоа.
Нема никаква хемија и додатоци, атрактори ни бутур.
Атрактор може да се стави по желба, но за мали и инстант езера не се воопшто потребни.
Препорачливо е да е (чоколадо, ванила, карамела или слично)
Без атрактор нема некој доминантен мирис, но....Миксот е неверојатно вкусен, јаглехидрати - инстант и е како да јадеш сладолед со карамела.
Ова е инстант микс и е чисто природен. Единстевена хемиска реакција овде е во топениот шеќер т.е карамелата.
пс. добар е и за зиг-риг.
Доколку сакаш да пецаш и амур, додаваш само КОПАР....пробано.