Mногу е важно да се организира уште пред крајните резултати од лигата. За таа цел , а во суштински интерес на Репрезентацијата, мое лично мислење е, што побрзо да се одреди Менаџерот на Репрезентацијата. Најважна ставка за нас се финансиите, организацијата на патување, комуникација со ЦИПС, формулари и сл., сместување. Тоа е работа на Менаџерот или шефот или директорот на репрезентацијата. И не мора да е крапџија. Треба да е добар менаџер. Идејата за авио превоз со нискобуџетни летови се реализира најкасно до Мај 2013, ако сакаме ефтино (иако веќе не е исто). Комбе со опрема, сместување во камп, сето тоа треба да се изработи, истрча, а не е малку. Ако е со автобус треба голем удобен, цени .... Ако МРФ си ја плати котизацијата, патот ни е 80% од вкупните трошоци.
Не ме сфаќајте погрешно никој, ни овој Форум, ни Рибар 2011, ни МРФ. Мислам дека во моментов, Сашо е идеален за ова.
Капитен или тренер како сакате може и треба да е крапџија и може и подоцна кога ќе се формира репрезентативниот тим. Треба и јазик, треба и познавање на правилата, треба и авторитет .....Доколку е изводливо, најдобро е да се оддели функцијата Капитен од функцијата тренер. Капитенот да е делегат и по состаноци, а тренерот на стаза, тренерот да раководи со такмичарите, тактиките, логистиката, подготовките.
Мое мислење.
Po neznam koj pat ....sekoja cest dule...predlogot za menadzer ti e odlicen..predlogot za prevoz(avion )isto taka odlicen...predlogot za oprema so kombe ...odlicen...se na se ocenka 10