Jerkbaits - Џеркови
Се група на воблери која добива се повеќе фанови (или фанатици можеби) насекаде во Европа. Доаѓајки најчесто од USA, овие воблери без пакта го запоседнаа европскиот пазар пред десетина години. На почетокот беа многу скапи играчки, индивидуално увезувани од USA. Се се смени во 2000-та година кога Салмо од Полска, кој беше прв производител на џеркови во Европа, почна да ги произведува Jack и Fatso, во нивната понуда. Jack и Fatso брзо станаа популарни и признати помеѓу европските вараличари. Се разликуваа од “amerikancite” по нивниот реален изглед и пристапна цена.
Наскоро се испостави дека и грабливките гo “ценат” дизајнот на овие џерк воблери. Како резултат на тоа, само една година по почетокот на производство, имаше редови од вараличари во Холандските продавници кои ги чекаа полските џеркови. Како одговор на успехот, Салмо произведе уште два нови џерка Warrior и Slider. Денес сите овие џерк воблери се сметаат за класика. Овопј тренд на пазарот исто така беше забележан и од други производители и денес секоја респектабилна риболовна продавница има респектабилна колекција на џерк воблери. (Не и кај нас, ова важи само за Европа
)
Зошто се различни од другите воблери? Дали е вистина дека привлекуваат поголеми риби? Или сепак е ова само голем маркетиншки трик? Џерковите се голема група на воблери. Со некои од нив толку лесно се ракува, што е навистина е тешко човек да погреши! Други пак, особено класичните модели, се воблери кои човек мора да научи да ги сака, а првата лекција треба да се направи под надзор на искусен колега како учител. Сепак имаат заеднички особини. Прво немаат пакта. Второ, бараат инвентивност кај вараличарот. Таканаречените класични џеркови се екстремен пример, без претходно знаење пректично е невозможно да уловиш боло што со нив. На крај, за да ги запознаеш нивните предности и да го осетиш задоволството во риболовот со џеркови, неопходно е да се користи соодветна опрема. Тоа е во основа на сите големи џерк воблери кои се тешки и над 45 грама.
Продолжува ...