Веднаш да кажам дека текстот не е мој.
Се наоѓа на сајтот на Салмо
http://www.salmo.com.pl автор на текстот е Piotr Piskorski.
Ми се виде интересен и ке се потрудам да го преведам тука на форумов.
Преведувањето ке оди во етапи, како ке наоѓам слободно време
Толку многу воблери – а малку време!
Купуваш нов воблер. Прекрасен е, шарен и блескав. Твоите пријатели ти кажале дека е многу добар. Полн со надеж одиш на твоето одбрано место за риболов. Не се предаваш и го зафрлаш фаворитот стотина пати. Повторуваш до бескрај разни презентации. После уште едно неуспешно влечење, гледаш како трокуките жално тропкаат празни, тензијата попушта. Твојот нов воблер не е повеќе мистериозен и посебен. Станува многу обичен, секојдневен, всушност само уште една шарена играчка замислена да ти ги извлече парите од новчаникот. Вракајки го во кутијата осеќаш лутина што си му дозволил на продавачот да те убеди да го купшиш ова ѓубре од воблер!
Ако ова ви се случува често, тогаш овој текст е за вас!
Секако сигурен си дека го користиш правилно. Дали си сигурен дека си му дал доволно време и вистинска шанса? Зошто, ке прашаш, после се си ловел со многу слични воблери. Си го влечел на различни начини, побргу, поспоро и немало никаков резултат. Добро… гледам дека ке треба да почнеме од самиот почеток. Ке мора да одговориш на неколку прашања, покасно ке ги анализираме одговорите заедно, на тој начин ке можеш да направиш по прецизен избор при купувањето и да бидеш многу по ефикасен во риболовот.
Неколку прашања за почеток.
1. Дали знаеш во која група - фамилија производителот го класифицира воблерот со кој ловиш?
2. Дали знаеш која опрема (трска, конец, машинка) се препорачани за риболов со тој воблер?
3. Дали знаеш која техника на презентација е препорачана за воблерот?
4. Дали си секогаш свесен дека си ти тој што го води воблерот?
5. Дали знаеш колку позицијата на трската, во однос на водената пшовршина влијае врз акцијата на воблерот?
6. Дали ја користиш трската да индицираш дополнителна акција на воблерот?
7. Дали знаеш што се случува со воблерот, кога ке го забрзаш или успориш влечењето на конецот?
8. Дали секогаш размислуваш на која длабочина е воблерот во даден момент?
9. Дали лесно го елиминираш вишокот конец (мевот) и го осеќаш контактот со воблерот?
10. Дали секогаш знаеш кој вид на риба ти е целта?
Ако одговорот е НЕ на повеќе од половина од прашањата, ти препорачувам да го подобриш знаењето пред да почнеш со пракса. По мое мислење, твојот спин риболов е сличен на пукање со пушка во темна соба, со надеж дека ке ја погодиш мувата.
Велиш дека си фатил многу трофеи на овој начин? Одлично! Тоа значи дека знеш многу добри и богати
Риболовни ревири.
Замисли само што би се случило кога би почнал-
Да риболовиш по свесно и со добро обмислена стратегија!
Лекцијата ке ја почнеме со добро познатата формула која ги опишува елементите за успешен риболов: Добар улов.
Презентирана е пред многу години од Doug Stange – главниот уредник на најголемото списание за спин во USA, In-Fisherman.
Формулата гласи -
У= Р + Л + П
Каде што -
У– Успешност на риболовецот
Р - Риба
Л -Локација
П -Презентација
Како што можеме да видиме, воблерот не е воопшто спомнат. Дали тоа значи дека изборот на воблер не е битен?
Секако НЕ. Карактеристиките на воблерот (големината, бојата, вибрацијата) се скриени во два збора:
Риба – го вклучува знаењето за навиките на видот (големина на мамецот во даден период) и
Презентацијата
За добра презентација потребни се многу работа и концентрација.
Добра презентација нејчесто е клуч на успехот за добар улов. Ова е збирен поим кој се однесува на структурата на водата и карактеристиките на воблерот како брзина, амплитуда и фреквенција. Од една страна зборуваме за изборот на риболовецот: дали ке користи тонечки или пливачки воблери, плиткоронци или длабокоронци. Можете да користите и тонечки воблери за риболов на површината во вода обрасната со треви, но зошто да си создавате проблеми во животот? Можете да пробате да уловите смуѓ користејки плиткоронци со влечење од чамец, но сепак вистинската презентација може да се постигне само со воблери кои работат на самото дно.
Секако, најважен аспект на презентацијата е техниката на влечење. Треба да биде резултат на теоријата и праксата на риболовецот. Тешко ви е да поверувате дека потполно ист воблер користен на исто место во исто време но лошо презентиран, лови МНОГУ помалку? Наскоро ке бидете убедени во тоа.
Продолжува ...