Spaiva treba da se cita pravilnikot pa da se opredeli staza i ezero.
1. Натпреварите се одржуваат на езера од комерцијален карактер, вештачки
акумулации и природни езера кои ги исполнуваат условите за натпревар.
2. Доколку нема натпреварувачи од спротивната страна на брегот на водата одредена
за натпревар, површините одредени за риболов не се ограничуваат далечински.
3. Површините определени за риболов на комерцијални води можат да бидат
странично (во ширина) обележани со трака, жица, маркери и сл. без оглед дали од
спротивната страна има или нема натпреварувачи.
4. Доколку од спротивната страна има натпреварувачи, а постои реална можност да
си попречуваат едни на други, површините одредени за риболов мораат да бидат обележани
со лента, маркери и сл. од трите страни во водата (лево, десно и напред).
5. Позициите кои се во близина на мостови, електрични водови и сл. треба да се
одбегнуваат најмалку 50 м. од позицијата.
6. На вештачките акумулации и природните езера растојанието меѓу дуата треба да
изнесува најмалку 50 а најмногу 100 метри, во зависност од условите, со можност (доколку не
постојат објективни услови за испочитување на ова правило) растојанието меѓу боксовите да
се адаптира на постоечките услови.
7. На комерцијалните рибници се прифаќа постоечкото растојание помеѓу дуата.
8. На вештачките акумулации и природните езера местото (рингот) за риболов треба
да биде со правоаголни димензии поставен према брегот најмалку 5 x 5 м. а најмногу 8 x 8 м.,
во зависност од условите, со можност за прилагодување во услови на непостоење на можност
за обезбедување на потребните димензии на ринговите.
9. Рингот треба да е околчен, обележан со лента и поставен правоаголно спрема
брегот.
10. На комерцијалните рибници натпреварувачките ги прифаќаат постоечките
димензии и обележувања на ринговите.
11. Секој ринг мора да обезбедува чист простор за зафрлување во висина од најмалку
7 метри.
12. Секој ринг мора да биде обележан со број пред извлекувањето на позициите.
13. Во склоп на теренот предвиден за одржување на натпреварот задолжително треба
да биде предвиден и обележан простор за официјалните лица ( кој ќе служи како сигурносна
зона), каде не е дозволен влез за неовластени лица, со широчина најмалку 1,5 до 2 метра. _________________ Rodjen da peca,Nateran da radi
|