ili vo kratki crti
IV. Дисциплина „КРАП“
А. Општи одредби
Член 45
Натпреварите може да се одржуваат на реки, канали, езера како и на други соодветни
води, така што сите натпреварувачи (екипи) да имаат приближно еднакви услови за риболов.
Длабочината на водата мора да изнесува минимум 1,5 метри.
Минималната широчина на површината наменета за риболов треба да изнесува
најмалку 50 метри доколку од спротивната страна нема други натпреварувачи , односно
најмалку 100 метри доколку од спротивната страна има натпреварувачи.
Натпреварите може да се одржуваат како лига или поединечни натпревари.
Член 46
Во близина на риболовните рингови задолжително треба да бидат инсталирани
санитарни јазли од страна на организаторот.
Патеката не смее да предизвикува никаква потенцијална опасност за учесниците на
натпреварот и посетителите.
Член 47
1. Право на учество во лига и куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат
сите РЗК членки на МРФ, кои навреме ја уплатиле чланарината за тековната година и кој
навремено го извршиле пријавувањето и уплатата на котизација за одреден натпревар.
2. Под поимот екипа се подразбира тим составен од двајца натпреварувачи (дуо),
еден резервен натпреварувач и капитен на екипата. Поединечни натпреварувачи (единки)
немаат право на учество на натпреварите.
3. Секоја екипа која што има желба да земе учество во натпреварите е должна да
обезбеди минимум на неопходна опрема а тоа е:
- 4 риболовни трски не подолги од 4 метри
- 4 чекрка (машинки) за риболов
- 4 електронски индикатори
- 4 механички покажувачи (свингери)
- 1 црпало за риба со минимални димензии 70 x 60 x 70 см и со мрежа не поплитка
од 50 см.
- душек за одлагање на уловена риба со минимални димензии 70 x 50 см
- 4 платнени вреќи за чување риба (carp sak) со минимлани димензии 40 x 70 см.
4. Секоја екипа може да пријави резервен натпреварувач и капитен на екипата.
Резервниот натпреварувач за време на натпреварот не смее да влегува во боксот на својата
екипа но може да изврши замена во текот на самиот натпревар. Во тој случај мора да остане
да натпреварува до крајот на истиот.
Доколку екипата нема капитен, неговата улога може да ја превземе резервниот
натпреварувач.
Во една натпреварувачка сезона составот на екипата (двајца натпреварувачи,
резервен натпреварувач и капитен на екипа) не може да се менува.
Во рингот може да пристапи само капитенот на екипата, со претходно одобрение од
страна на судиите, и да дава исклучиво усмени напатствија. Сите други дејствија се
забранети.
Сите натпреварувачи, како и капитенот на екипата, мораат да бидат регистрирани
спортски риболовци и поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за
тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови
на екипи (натпреварувачи или капитени) немаат право на настап во тековната година.
5. Екипите учеснички имаат право да носат на деловите од својата облека обележја
на своите покровители, фирми и сл., како и знаме на јарбол со максимални димензии 1,5 x 1 м.
Поставување на рекламно пано со максимални димензии 2,5 x 1,5 м. е дозволено само на
натпревари кои ќе се одржуваат на води од некомерцијален карактер.
Секоја екипа, уредно пријавена и регистрирана како учесник во крапската лига, е
должна да учествува на сите кола од истата, без оглед на остварениот пласман во текот на
натпреварите. _________________ Rodjen da peca,Nateran da radi
|