Денес беше одржан состанокот на натпреварувачка комисија на МРФ. Почна во 10 часот и траеше до 15 часот.
Состанокот помина во пријатна состојба присутни беа
- Кире Бадар-претседател
- Лазе од Велес
- Мартин судија
- Влетко судија од Вердар
- Јас и
-Пешич
- Васил Хаџиски (отсутен не беше вратен во МК)
Поминати и разгледани сите точки (некој беа изменети) од претходната натпреварувачка комисија.
Да напоменам дека со овие предлог пропозиции и календари ќе оди на Управен на МРФ (мислам некаде после 20ти овој месец) каде ќе има конечна одлука.
Ќе кажам за крапскиот дел
Календар за Лига 2013 година
1. Прво коло Езеро Црничани (алтернатива Паљурци)
од 17.05 - до 19.05.2013
2. Второ коло Езеро Црничани (алтернатива Мавровица)
од 07.06 - до 09.06.2013 година
3. Трето коло Езеро Црничани ( алтернатива Глобочица)
од 28.06 до 30.06.2013 година
4. Државен куп на РМ
Езеро Црничино ( алтернатива Глобочица, Гумење Крушево)
од 30.08- до 01.09.2013 година
Котизација не поголема од 6.000,00 денари по екипа (дуо)!!! Управниот на МРФ на минатата седница ги намали дневниците на судиите
!!!
- Секоја пријавена екипа може да се натпреварува преку Спортско Риболовно Здружение (кое има платено годишна чланарина на МРФ)
- Секое СРД може да пријави НЕОГРАНИЧЕН број на екипи
- Секоја екипа ја сочинуваат Два натпреварувачи, еден резерва и еден капитен. Доколку нема капитен, резервата или некој од натпревурачите може да биде капитен.
- Секоја екипа Прво го сорджи името на Риболовното друштво, па потоа името на екипата или спонзорот и на крај имињата на натпреварувачите. Пример екипа- Рибар 2011- Бест Карп Тим ( Предраг, Јоцо, Аце)
-Пазете го ова барав да се вметне во пропозиции
Ако пр. Рибар има три пријавени екипи НЕМОЖЕ некој од четирите пријавени члена на една екипа во второто, третото коло да премине во друга екипа пријавена од истото здружение! Натпреварувач, резерва или капитен за првата екипа остануваат во таа екипа до крајот на лига натпреварите.
-Првите четири пласирани екипи од лига натпреварите СТЕКНУВААТ ПРАВО ЗА ОДЕЊЕ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО 2013 година -Португалија
-Квалификации и одење на светско година за година.
- За разлика од Пливкарите (со систем на бодување од лигата, супер лигата и державниот куп) кај нас крапџиите се бодува само Лига натпреварите. Државниот куп е само куп (кој го поместивме наместо за Илинден да се одржува за 8-ми септември).
- идејата за неплаќање (ослободување) на Државниот првак од 2013 година за наредната година 2014 Не помина!
- Секоја пријавена екипа плаќа котизација како за лига натпреварите така и за државниот куп.
Е сега имаше предлози како кај пливкарите секое спортско риболовно здружение да МОЖЕ да пријави НЕ повеќе од ДВЕ екипи!!! Јас се побунив и успеав (барем за оваа година) да остане како погоре. Полемиката беше дека на пример
некое риболовно друштво ќе биде хендикепирано ( ако Бабуна има само една пријавена екипа тогаш Рибар со 5 пријавени екипи е во предност) но пред неколку године иамвме три екипи од С.Апостол Петар а беа само четврти.
уф уф уф тежок но успешен ден. БИСТРО колеги крапџии и спремајте се за стварно силна, квалитетна и добро организирана лига 2013