а државниот куп да биде со време од 72 саати и ЗАДОЛЖИТЕЛНО учество на првите 4-пласирани екипи.
Овде веќе има нејаснотии ... зошто мора да учествуваат првите четирипласирани на државниот куп ???
каква е улогата на државниот куп ???
Значи идејата моја е -како да им се помогне на четирите пласирани екипи?
Моја идеја-предлог е Државниот Куп на Македонија ќе се одржи по лигата, прво, второ и трето пласираните екипи задолжително да учествуваат во Државниот куп НО БЕЗ котизација (ослободени или наградени ) а воедно тоа е тренинг натпревар за истите! На овој начин од една страна ќе им се помогне околу припремите и тренингот а од друга страна нема да имаат дополнителен трошок -котизација
четвртопласираниот тим-резерва учество со котизација!
И секако стимулот за трите пласирани екипи е поголем.
Мојот предлог пред три години беше
- Државниот првак од оваа година да директно учество за следната година (во лигата ) без котизација
Ова значи дека Шампионот за оваа година ќе има -
- Пехар државен првак за Македонија 2013 година
- Бесплатно учество во лигата 2014 година
- Бесплатно учество во Државниот Куп 2013 година
- Подарокот кој следува за Државен првак 2013 година,
- и се разбира честитки од сите натпреварувачи во лигата 2013 со заедничка
Идејата е да се направи интерес за КУПОТ. Години наназад тој завршуваше со учество на 3,4-5 екипи. Убаво праша Тафта КАКВА Е УЛОГАТА НА ДРЖАВНИОТ КУП.
Нека државниот првак од Лигата биде ослободен од котизација следната година.
Нека првопласираните три екипи бидат ослободени од котизација за Купот (и не мора).
За да се зголеми интересот за самиот КУП, (тоа е еден натпревар) нели може :
Победникот на купот да биде ослободен од котизација за следната напреварувачка сезона во Лигата.
Првите две екипи (надвор од репрезентативниот состав за тековната година) да стекнат право да учествуваат на Јадранско-подунавскиот куп (Балканско првенство). Порано, лигата беше се, па 5-то и 6-то пласираните во лигата требаше да одат на ова т.н. балканско.
Ова заради препоставката дека не може во иста година и СП и учество на балканско една иста екипа.
Котизацијата за КУПОТ да биде минимална, според трошоците за судии, медаљи, пехари и дипломи (јас би одел само на пехар за првопласираниот).