Никогаш, никаде до сега, не се случило, Капитен на екипа во лига натпреварите да биде резерва на СП. Ниту во лигата.
Еден е капитен, еден е резервен натпреварувач ВО ЛИГАТА. Императивот е да бидеш меѓу првите ЧЕТИРИ екипи, за да бидеш во состав на репрезентацијата. Така било отсекогаш. Грото од екипите се само со двајца натпреварувачи. Што ако такви бидат првите три пласирани во лигата. Вообичаено, резервен натпреварувач и не е во суштина натпреварувач (без никакви намери некого да навредиме), туку, за недај боже болест или друга спреченост, да го покрие настапот на екипата при спреченост на еден од двајцата. Само еден човек не може да натпреварува. Не ја мешајте работата. Сепак четвртопласираниот е близу до првите три и заслужува да биде алтернатива за не дај боже. Според последните расправии во ЦИПС (заради честите измени во ЈАР, Франција и Англија) мислам дека е донесена одлука децидно во кои случаи може да се изврши измена. Замената е можна само од медицински т.е. здравствени причини, не од тактички. Треба да се информираме.
Самата лига, мора да има еднаков број на часови на траење на сите три или четири кола. Не може прво коло да трае 72, а второ и трето по 50 часа. Му се потрефи на некој позиција и го оставаш 72 саати да тепа риба. Покрај бодовите за прво, второ, трето, четврто место одлучува и вкупната килажа во сите три кола., Друга екипа, на истата позиција ќе фаќа само 50 саати.
А дали ќе бидат три или четири кола, тоа терба да се одлучи според бројот на пријавени екипи, планот, календарот, потребите на репрезентацијата. Не вака, од ракав. Пет кола е нереална бројка. Ќе се заборави целта.
Три кола е симпатично, според нашите состојби. Четири кола е исто прифатливо, но се МОРА да се заврши до крајот на Јуни. Мислам дека се уште не сме толку префесионализирани и не се 20 екипи за толку строги критериуми за првите 4 места. Доволно се три кола, а максимално е 4. Ако почнеме во Мај, со интенција да има пауза барем по еден викенд (значи секој втор викенд натпревар) тогаш ептен професионално ќе биде Прв, трет викенд во Мај, па прв, трет викенд во Јуни. Малтене 2 месеци.
И за крај, малку потрезвено.
Езерото има риба. Но колку? Ќе се пориби. Со колку? Според сите планови и динамики веројатна слика е победа во едно коло со максимум 50 кгр риба. Па рачунајте ја динамиката на улови и оптеретеност на такмичарите. Добар предлог е КУПОТ да биде крај на Јуни т.е. почетокот на Јули или во Септември (до сега е лошо искуство) и да трае 72 часа, со пожелно учество на репрезентативните екипи. Ради тренинг, ако ништо друго. Резултатите од лига и куп НЕ СЕ МЕШААТ. Може поедниците на Купот на Македонија, да учествуваат на Јадранско-Подунавската (Балканско) _________________ CARPE DIEM
|