Јас бев таму лани и беше понижувачки. Прво кога дојдовме чуварите се зачудија што бараат луѓе таму, ни рекоа почекајте не фрлајте да ги извадиме мрежите, го проверуваме рибниот фонд, викаат, измкнаа 5 мрежи и во нив немаше ништо. На еден дел не ни дадоа да ловиме таму било местото за директорот, не излажаа ама ајде, сигурно имаше уште една мрежа. Јас не ловам крап, ама рекоа дека има и пастрмка па ја бркав неа ама
каква пастрмка каков крап. Другарот лови крап, фрлаше на боили, пченка, со намази, премази, ништо ни удар, не ни рипна, ни седевме таму цел ден барем еден удар да имавме. После кога кажавме на други рибари ни се чудеа на паметот кај сме отишле. Инаку местото е преубаво измислено за натпревари на пример. Сега гледам дека изгледа нешто се сменило дај боже. Малку е тешко за наоѓање од првпат ама не е страшно. Браво за уловот мајсторе
Го проверувале фондот " ЖИМИ FEEDEROV" го преверувале.
Јас затоа прашав затоа што колега од тетово ми кажа дека идат тамо со мрежи го млатат редовно.
Дури он ми рече, не оди сам јас ке те однесам тамо како ги знаел луѓето ама јас бев скептик.
По она од Јане, гледам дека се дешава нешто и изгледа на ситната риба помала од 3-4кг. и го е...е племето.
Како и да е ти благодарам на информацијата. Ке го посетам езерото и ке видам како стојат работите.