Уствари и секоја репрезентација за секое друго натпреварување се избира подолг период пред одржување на првенствата. Не може ниту фудбалерите, ни кошаркарите, ни ракометарите да се пласираат за големо натпреварување во септември, а веќе наредниот месец да настапуваат на тоа првенство. На сите им треба припреми. Ако нема припреми, ако не се спреми репрезентацијата на сите можни начини, па тогаш и јас можам да бидам спортист-репрезентативец. Без припреми и тренинзи можеме само да се рекреираме, а јас прв се пријавувам кога е во прашање рекреативниот риболов. Но, јас мислам дека вие овде разговарате за успех во натпревар, а не за рекреација.
Ееее Емил, затоа јас ја отворив темата КАКО ТРЕБА на СП.
Таму да се разговара за припреми и стратегии, небитно кој ќе оди и кој ќе биде актер.
Сите што ќе одат се спортски риболовци, затоа треба да се дефинира се однапред.
Сите пред да влезат да знаат за што станува збор и да бидат мотивирани за да освојат пласман на СП.
Ама се сме распашана команда, се е измешано...
И 2-3 ца да се на прав пат и да знаат што сакаат, другите 20-30 ќе ги засенат со сивилото.
Никој не виновен...Ја промашуваме големата слика.