Каде е стариот риболов?
Подобро би било насловот да биде
Собир на старци
Ќоше (рамо) за плачење
Денови и години (на денешен ден 197. )
. . .
А и мене ме навлековте да се присетам на почетоците.
Дојде лето и сите другари се спремаат за море, езеро. А ја едвај чекам да отидам кај вујнами во
Криволак. Прва куќа до железничката станица, а Вардар веднаш тука под пруга. Стотина метри.
Одиш зафатиш место и чекаш да дојде шинобусот од Скопје. Чуваш место и чекаш да дојде некој
постар рибар кого си го запознал тука на вода. Он раскажува а ти немаш душа. Така да слушав
во школо денес ка бев накој доктор на науки, нобеловец. Слушаш и учиш.
Подоцна осумдесетите а дојде петок, и јас во шинобус. Не седиш во купето туку во товарниот дел.
Тука се собираа рибарите. И секој раскажува.
Па купив и кола и преполн со знаење (впиено во дебатите во шинобус) киднав од работа со Николчо
(а и он е овде негде на форумов) правец Велешко. За крап знам се ама од муабети. И извадив 2
крапа околу 2 - 3 килограма. Следниот викенд на Вардар и пак два крапа.
И така се всушност започна но немаше многу крапови. Имаше многу удари но резултатот стално
беше во позитива за краповите. Знаење (???) да но искуството, е тоа си дојде со години.
И денес по толку години сеуште има работи кои ми фалат. И денес сеуште учам . . .
Кога ке почне човек да евоцира спомени, тоа е сигурен знак дека старее (остарел). Но јас не се
давам и не признавам. На вода секогаш се чуствувам како она дете пред многу години. Штом ја
видам водата адреналинот на максимум.
Ми останаа врежани во меморијата зборовите на еден стар рибар:
:saso:
Кога ќе ти влезе ТАПАТА во газ таа не излегува туку влегува се подлабоко.