Така е Ицо друже
Има млади, ентузијасти, спортисти во права смисла на зборот кои ќе се борат и ќе гинат на терен. Условите се такви какви што се, согласно нив, сакале или неќеле мораме да се прилагодуваме.
Кога станува збор за риболовна патека за крапски риболов секогаш има проблеми. Дефакто немаме ниту една вода која во целост одговара на барањата и потребите за организирање на солиден крапски натпревар. Некаде има риба, нема патека. На друго место има услови, а нема риба. Има води со риба, со патека, но не сопира повеќе од 8 екипи.
Искрено многу надеж полагам на езерото на Истатов. Идеално е за нашите потреби. Има доволно риба за натпревар. Комотно збира 14 екипи. Заградено е. Се чува 24 часа. Дојран е близу и многу брзо во него ќе пливаат вистински капиталци. Веќе е договорено сите риби уловени во Дојранско Езеро со маса од над 20 кг да ги откупуваме и со нив да се порибува езерото. Предуслови за вистински крапски центар има. Треба само да се изработи и изменаџира.
Второ, езерото Младост, или Велешко Езеро веќе се таргетира како крапски центар. Мислам дека ако проекциите на концесионерот се остварат, тоа ќе се случи многу брзо. Во план е да се уреди патеката. Да се изградат боксови, нешто како оние во Романија. Можеби во прво време без куќарки, но сепак уредени. Езерото интензивно ќе се порибува со крап. Ќе се зголеми рибочуварската служба и контролата. Ќе се пуштаат капиталци. Ако тоа се направи еве уште едно идеално езеро за крапски риболов.
Не треба да се заборава ниту Мавровица.
Шпиље има идеална патека, но нема доволно крап во езерото за да се организира натпревар.
Глобочица покажа дека има риба, но патеката е дискутабилна.
Треска, Сарај секогаш останува во игра. Покажа дека може да се организира идеален натпревар. Треба само добар концесионер. Се работи и на тој план.
Иако е темата лига 2013, се надевам дека не пречи што презентирав дел од видувањата и проекциите за иднината. Ова секако е интересно за младите, за оние кои треба да го продолжат она што, оние повозрасните (да не речам старците) веќе го имаат поставено како основа.
Поздрав до сите.
Изгледа дека ова го има прочитано од програмата на Рибар 2011, а не од Бабуна
Искрено доколку Велешко го направат како она во Романија сите длабоко ќе се