По две недели,решивме со Јупи пак да ги испробаме Грчките штуки
Местото -тоа старото
.Со нас дојде уште еден запален риболовец-Џоче
.Уште во мракот ,веќе бевме таму.Со самото пристигање се поделивме на различни места ,коишто веќе ни беа познати од минатиот пат.
Од дома си носевме околу 40 мрени за мамец-кое што се покажа вистински потег,затоа што таму излегуваа само едри попадики и кленови,што не чинеа за мамец.Да не си мислите којзнае колку едри
150-200-250 грама,преголеми за мамец.
Риболовот помина повеќе од добро-фативме 15 штуки од кило до пет кила:D Освен една-две фотографии што ги направивме со Џоче,кога дојде кај мене да провери дали излегуваат риби за мамец,сите други фотографии ги направивме пред тргнување
Еве овде апаратот беше на вистинско место во вистинско време
И додека се сликаме,нов удар
И така...се до заслужената фотосесија пред тргнување
И неколку бројки,ако преживеат-за пуштање во Водоча
Така ни протече и овој излет и сега ќе направиме напор да се балираме со риби за мамец од тука,па здравје со нови сили пак таму