Дуле благодарам за дообјаснувањето.
Многу малку од луѓево кои коментираат на форумот се зафатиле со вистинска организација. Ти најдобро знаеш колку труд треба да се вложи за да се организира една експедиција. Покрај парите (кои секогаш се дефицитарни) треба и еден куп организациони активности. Патување, автобуси, лиценци, престој, комуникација со домаќинот и тн. За се треба време и ангажман, а се помалку „јунаци“ има за да влезат во организација. Верувајте сум бил во организација на веќе десетина експедиции.
Една експедиција во Португалија би чинела од прилика 15 до 20 илјади евра. Прашање е како да се обезбедат кога фондот за меѓународни натпревари во МРФ е О нула? Претходно зборував за изворите: спортски легитимации, котизации, спонзорства. Колку треба да чинат спортските легитимации или колку СЛ треба да се продадат? Колку треба да биде котизацијата? Се друго е спонзорство.
Агенцијата за млади и спорт е прикаска сама за себе. Некогаш дава, некогаш не дава. И таму треба лобирање ии постојано досаѓање. Нема сигурност. Нема шаблон. Нема однапред дефинирани суми. МЗШВ може да даде, а може и да не даде пари. Ако некој успее да вметне некој денар во Програма за развој на рибарството и тоа да помине на Влада пари ќе има. Ако не нема. Лани МЗШВ вети средства, имаме позитивен одговор меѓутоа средства се уште не се исплатени. Некој настапот на првенството во Романија го финансираше од џеб и од спонзори. Ниту еден натпреварувач не се фати за џебот да плати за нешто. Меѓутоа тоа беше Романија. Се најде и таков јунак. Никој не знае дали ќе може тоа да се изведе и за Португалија.
Верувајте дека има една група луѓе во МРФ кои силно се залагаат да се оди и во Португалија. Веројатноста е релативно голема дека ќе се успее, но јас како претседател на МРФ во ниту еден момент нема со 100% сигурност да гарантирам дека ќе се оди, додека сите коцки не се подредат на свое место. Затоа што има многу нешта кои не зависат ниту од мене, ниту од луѓето кои се во организација.
Ова што го пишувам не е со намера некого да демотивирам, налутам, разочарам, или некого да поттикнам на учество на државното првенство. Основна цел ми е да ви ги претставам работите реално, така како што се. Без да ги виткаме во обланди. Без ветувања и кој знае какви очекувања. Едноставно тоа е реалноста. Тоа е состојбата. Тоа се фактите. Едноставно настојувам да бидам искрен и отворен кон сите вас на форумот. Навистина не морам тоа да го правам, но сепак го правам. На крајот на краиштата, сите сме возрасни и сами можеме да одлучиме дали ќе учествуваме во лига натпреварите или нема. Дали ќе влеземе со 100% во борбата за прво место и титула ДРЖАВЕН ПРВАК или само ќе учествуваме како на ревијален натпревар.
И на крај едно со сигурност можам да потврдам. Јас лично ќе учествувам во државното првенство и ќе се натпреварувам со 100% од своите капацитети. Независно од патеката, котизацијата, календарот, наградата. Независно дали ќе се оди или нема да се оди на меѓународни натпревари. Ќе настојувам да ги подберам и победам сите оние силни крапџии на форумов, без пардон за возраста
. А ако ме победат ќе честитам на победниците и секако подобро ќе се подготвам наредната година.