www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 10:37 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324ELLIPSIS461»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:09 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Vasil Kostov НапишиCOLON
Пријатели крапчии, Светското првенство е друга тема. Многу постови има за Португалија и светското првенство. Состојбата е таква да во моментов никој не може со 100% сигурност да гарантира одење на светското првенство во Португалија во 2013 година. Може сериозно да се размислува за светското во Шпанија во 2014 година.

Еве уште едно мое размислување. Имено, се покажа како голем проблем организирањето на првенство во кое се избира репрезентација за истата година. Што се случува? Првенството завршува во август, значи репрезентацијата се формира по одржување на последното коло. Сите натпреварувачи се фокусирани на првенството и цел е да направат добар резултат на првенствотот (во лигата). Никој не размислува за патеката каде се одржува светското првенство. Едноставно затоа што до последен момент ниту е позната репрезентацијата ниту се знае со сигурност дали се оди на првенство. Во септември се обезбедуваат средства, се знае екипата, на репрезентативците им се јавува дека се оди на светско првенство и тие почнуваат да се подготвуваат. Колу време имаат за подготовки? Дали реално можат да се подготват за тој краток временски период? Дали може да соберат доволно информации за патеката каде се организира првенството? Реално одговорот на сите прашања е НЕ. Затоа и не е чудно што резултатите ни се такви какви што ни се.

Е сега во една друга ситуација. Да претпоставиме дека лигата во наредната 2013 година треба да ја даде репрезентацијата која ќе настапува на меѓународни натпревари во 2014 година. Значи во јули или август се знае репрезентацијата. Се знаат луѓето кои одат на меѓународни натпревари да ја претставуваат земјата. Се носи одлука да се оди на Светско во септември-октомври 2014 во Шпанија. Цела една година и повеќе има време да се вршат подготовки и да се обезбедуваат средства за првенството. Секој натпреварувач се подготвува, собира информации за патеката. Се слуша со пријателите од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, разменува мислења и искуства. Можеби некој и ќе собере средства и сили и на своја иницијатива ќе појде до Шпанија. Па ќе врзе одмор со посета на езерото (чисто шпекулирам и претпоставувам). Од друга страна се обезбедуваат повеќе од потребните средства за светското во Шпанија. Една идеална ситуација. Па репрезентацијата оди и на Балканско Првенство, па можеби и на Европски Првенство, на купови како дел од подготовката и тренингот. Убаво нели?

Прашувам. Каков е вашиот став по ова мое размислување?
Ставот хмм.. интерсно но тоа би значело дека 2013 нема да идеме на светско?

Меѓудругото да се надоврзам на муабетот..

Никој од нас не бара да има идеална стаза Ховиц, тоа што се бара е да има добра организација.
Вода која ке даде конкурентски резултати, порибување пред лига и чување на езерото додека трае лигата а и понатаму.

Се бара да се има
1. Фер плеј
2. Строги и објективни судии, не за мене 1.455гр не влага у мера а за некој истото да влезе во мера. Се бара да се мери крап и амур а не караши налик крапови итн..

За спонзори за светско сите знаеме како треба да функционира само треба да се погледне малце надвор од нашите граници, а кај нас се мољакаме едни со други да си правиме нати го/дајми го за пари.

п.с. Ицо јас сум веке пријавен во лига под Рибар2011
Мислам дека моите коментари ке ми ги валидираш нели :)

п.п.с
Од историјата се учи.. за како да се направи подобра иднина..
Раздор не правам.. само кажувам како било итн.. за така да не биде.. ако на тоа некој му смета.. слободно нека не чита..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:13 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
martinMK НапишиCOLON
Се бара да се има
1. Фер плеј
2. Строги и објективни судии, не за мене 1.455гр не влага у мера а за некој истото да влезе во мера. Се бара да се мери крап и амур а не караши налик крапови итн..
За ова Мартин нема потреба да разговараме, не ни смее да се помисли на вакво нешто да не функционира.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:15 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
znam dekas si prijaven bre,, a i ne delam komenteri sto probam da ve upatam na povazni raboti,,
pred pravilatta i propisite ima uste 100 drugi zaebancii so koj ke se soocime site..


samo vasil bi go zaprasal dali mu se po priorotetni balkanski i evropski prvenstva ,u zamena za svetski sampionat..

a sto se tie tolku bitni :?: :?:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:19 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Мене не ми се битни воопшто.. еве ви збор од крапџија..
Тапа/Пливка не ме интересира.. исто и за крап..
Ме интересира ако да идеме да идеме на светско.. а ова балкан.. еуропаше.. јок..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:22 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
зошто се потценуваат Балканско и Европско ???
па ако гледаме така во ниеден спорт неможеш да одиш дирекно од лига па оп на светско :confused:
али да не бидам разбран погрешно ... прашањето останува ...

зошто се потценуваат Балканско и Европско ???

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:27 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
- Фер плеј сигурно дека ќе има :shake_hand:
- Со самиот момент дека при мерење на риба ОБАВЕЗНО присуство на еден член од соседен бокс, паѓаат сите сомнежи за крап со 1.459гр. или пак крап без мустаќи-(караш) да се мери.
- Јавно овде ќе се објави правилникот на МРФ, за дебелина на конец, тежина на олово, систем, риболовни стапови... па секој може да биде запознен.
- Оној момент што го спомна Ицо за буцкање знаеме сите ние овие години како е да одиш низ минско поле и постојано некој да те критикува, плука да ти се смее ;)
- Ако се знае за лигата на почеток во 2013г. и самата лига ДА ЗАВРШИ до Јули има време за спремање на светското во Португалија (поготова ако сите се ангажираат да се обезбедат сретсва, спонзорства)со време да почне да се тропа на вратите!
- Олеснителен момент е дека нема потреба од хотелски сместувања туку ќе се спие во камп како во Англија :~~


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:34 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
pa togas ribar forum da se vika reprezentacijava :D :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:37 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ако МРФ нема средства за светско во крапски и балканско и европско во пливка, нека се ограничи, едно првенство во крапски и едно во пливка, не мора 2 во пливка. Ионака во пливка има многу купови во МК, има доволно пари за судиите ;)

Проблем ќе биде ако три тима на РИБАР одат на светско, ќе мора уште 4 лицитации да направиме :mrgreen:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:46 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Ајде малку да разјасниме некои нешта.
1. Лигата или државното првенство не е квалификација за светско првенство. Основа цел е борбата за ДРЖАВЕН ПРВАК

2 .Од лига натпреварите, согласно пропозициите, произлегува РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА на РМ. Односно 11 луѓе кои ќе не претставуваат на меѓународни натпреварувања.

3. Покрај Светско првенство, во дисциплината лов крап со јадица на дно има и Европско Првенство и Балканско Првенство. Европското не е ништо понеквалитетно од светското. Тука ја нема само Јужна Африка. Другите земји се сите оние што настапуваат и на Светско.

4. Основен услов за одење на меѓународни натпревари се обезбедените средства (ПАРИ). Јас лично се залагам и ќе се залагам да се обезбедат средства да се појде на Светско во Португалија, дај боже и на Европско и на Балканско. Меѓутоа не можам ништо да ветам и не ветувам. Затоа што моите ветувања до сега во животот секогаш сум ги исполнувал, 100%.

5. И не заборавајте, иако како крапчии не ве интересира, постојат и други дисциплини во кои се организираат натпревари, а за кои треба да мисли МРФ. Тука се пливкарошите, се најавуваат и мушичари, во процедура е и покренување на натпревари за лица со посебни потреби. Сите дисциплини во повеќе категории. Моја повеќегодишна заложба се и младите (кадети и младинци) да заминат на меѓународен натпревар, но не се остварува.

Има уште многу нешта, но ај да не ве замарам со нив. Се надевам дека малку ви ја проширив сликата.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2013
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:51 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
И да. Кога зборвам за Светско, Европско и Балканско мислам во дисциплината „лов крап со јадица на дно“. Значи крапски првенства. Не ги мешам пливкарошките и другите.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324ELLIPSIS461»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum