Пријатели крапчии, Светското првенство е друга тема. Многу постови има за Португалија и светското првенство. Состојбата е таква да во моментов никој не може со 100% сигурност да гарантира одење на светското првенство во Португалија во 2013 година. Може сериозно да се размислува за светското во Шпанија во 2014 година.
Еве уште едно мое размислување. Имено, се покажа како голем проблем организирањето на првенство во кое се избира репрезентација за истата година. Што се случува? Првенството завршува во август, значи репрезентацијата се формира по одржување на последното коло. Сите натпреварувачи се фокусирани на првенството и цел е да направат добар резултат на првенствотот (во лигата). Никој не размислува за патеката каде се одржува светското првенство. Едноставно затоа што до последен момент ниту е позната репрезентацијата ниту се знае со сигурност дали се оди на првенство. Во септември се обезбедуваат средства, се знае екипата, на репрезентативците им се јавува дека се оди на светско првенство и тие почнуваат да се подготвуваат. Колу време имаат за подготовки? Дали реално можат да се подготват за тој краток временски период? Дали може да соберат доволно информации за патеката каде се организира првенството? Реално одговорот на сите прашања е НЕ. Затоа и не е чудно што резултатите ни се такви какви што ни се.
Е сега во една друга ситуација. Да претпоставиме дека лигата во наредната 2013 година треба да ја даде репрезентацијата која ќе настапува на меѓународни натпревари во 2014 година. Значи во јули или август се знае репрезентацијата. Се знаат луѓето кои одат на меѓународни натпревари да ја претставуваат земјата. Се носи одлука да се оди на Светско во септември-октомври 2014 во Шпанија. Цела една година и повеќе има време да се вршат подготовки и да се обезбедуваат средства за првенството. Секој натпреварувач се подготвува, собира информации за патеката. Се слуша со пријателите од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, разменува мислења и искуства. Можеби некој и ќе собере средства и сили и на своја иницијатива ќе појде до Шпанија. Па ќе врзе одмор со посета на езерото (чисто шпекулирам и претпоставувам). Од друга страна се обезбедуваат повеќе од потребните средства за светското во Шпанија. Една идеална ситуација. Па репрезентацијата оди и на Балканско Првенство, па можеби и на Европски Првенство, на купови како дел од подготовката и тренингот. Убаво нели?
Прашувам. Каков е вашиот став по ова мое размислување?
Ставот хмм.. интерсно но тоа би значело дека 2013 нема да идеме на светско?
Меѓудругото да се надоврзам на муабетот..
Никој од нас не бара да има идеална стаза Ховиц, тоа што се бара е да има добра организација.
Вода која ке даде конкурентски резултати, порибување пред лига и чување на езерото додека трае лигата а и понатаму.
Се бара да се има
1. Фер плеј
2. Строги и објективни судии, не за мене 1.455гр не влага у мера а за некој истото да влезе во мера. Се бара да се мери крап и амур а не караши налик крапови итн..
За спонзори за светско сите знаеме како треба да функционира само треба да се погледне малце надвор од нашите граници, а кај нас се мољакаме едни со други да си правиме нати го/дајми го за пари.
п.с. Ицо јас сум веке пријавен во лига под Рибар2011
Мислам дека моите коментари ке ми ги валидираш нели
п.п.с
Од историјата се учи.. за како да се направи подобра иднина..
Раздор не правам.. само кажувам како било итн.. за така да не биде.. ако на тоа некој му смета.. слободно нека не чита..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport