Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Drim, Visuel, добредојде и од мене,
Најпрво поздрав за гестот што се уклучивте на форумов, тоа е општо поздравено од рибарите од цела Македонија, жал ми е што се уклучувате после немила случка, ама сепак, добро е што сте тука, кога има две страни, нема да останат некои работи недоречени, а во иднина верувам ќе разговараме за многу други позитивни работи. Лично ќе корегирам дел од зборовите на членовите кои Ве погодија, но дел ќе останат како нивно лично мислење, посебно во текстот на Аки, иако мислам дека во нервоза на делови има употребено тешки зборови, сепак оставам на него ако смета дека треба да корегира,....зашто сепак луѓето имале немила случка, биле осомничени дека пуштаат мрежи, им било расипано местото од пребарување, а како што прочитав на крај од како ништо не се нашло не добиле ниту едно “Извинете“ (поправете ме ако грешам), тоа е како во продавница некој да почне да Ви се дере како на крадец, да почнат да Ве тресат и кога нема да најдат ништо да не Ви се ни извинат. На крај и тоа со крапот, што никој неможе веќе да докаже што било. Како што кажаа дел од колегите, мислам дека случката треба да се заборави, верувам дека ќе се извлечат поуки и дека колегите следниот пат многу подобро ќе си поминат.
Јас лично на неколку пати сум Ве давал како пример за рибочуварска служба во Македонија, а Ве поздравив преку мејл и уште не почеток на функционирањето на сајтот. Вашето активирање овдека и самото тоа што сте ја разговарале случкава во СРД Црн Дрим, говори за Вашата посветеност како ретко кој во Македонија од Вашата бранша. Сепак колку и да е добро, може да биде подобро, така е во се во животот, имаше неколку позитивни сугестии во претходните коментари на колегите, во делот на пристапот кон идни осомничени, не сакам да се повторувам и би сугерирал да разгледате некоја варијанта ако другпат направите таква рутинска контрола на некое место, а се испостави дека не се работи за мрежари, да имате некоја мерка, или гест кон рибарите, сепак некои идат на повеќе денови, трошат време, пари, крмат место и на крај ако некој по грешка им го расипе местото, најмалку што треба е да име едно “Извинете згрешивме, се надевам дека ќе не разберете“.
Сакам да Ви сугерирам во делот “Добредојде за новите членови“ малку да го претставите она што го правите, дел од успесите, секако линкови и контакти од кај Вас и мислам дека секој добронамерен рибар на форумов, а ги има доста, ќе биде ваши очи и уши на теренот. Дополнително ако може да поставувате свежи информации од типот, забрани ,активност на рибата, акции за заплена на мрежи и сл. мислам дека посетата кај Вас ќе биде уште поголема, што секако е од заеднички интерес.
Поздрав
Dobre ve najdovme
nema da komentiram mnogu veke izkomentirav dosta samo sakam da kazam da ve ispravam krmilisteto nebese nitu meta nitu cel ili pak bese pustena nekakva kandza za mrezi tuku beja pojdeni od pozicija sto nesmeta , i nema logika krapot da go ukral nekoj sigurno ke go zemel i sakot valda ke go videle tie kaj sto go zimaat .. i na kraj im rekle izvinete za smetanjeto ubavo da si pominete , posto kire trebelo so edniot da odat na Kozjak
Pozz i sekoe dobro se nadevam deka ke imate informacii za ribata kaj grize i sto se slucuva vo ezeroto