www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 02, 2024 7:36 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2122232425ELLIPSIS71»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 8:09 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jун 26, 2011 9:24 pm
МислењаCOLON674
ЛокацијаCOLONLabunishta Struga
Eve nekoi fotografii od crn drim kaj tasmarunista i toa vo 6:15 ribolovcite beja pojdeni da fatat pozicija od 5 ;)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Skokase riba sabajleto i toa dosta :)

_________________
[ img ]
www.facebook.com/crndrim


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 07, 2012 2:34 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Dokolku nema mesto zemete bager ,napravete mesta novi... i za site ke bide dobro...

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 07, 2012 6:53 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Зоки, оваа 2012 година посетеноста на нашиот ревир беше рекордна.
Колку што мене ми е познато никој не се пожалил дека немало место за ловење, освен другар ти што ти го спомнал муабетов.

Доколку се одлучиме да го расчистуваме коритото на Дрим од вегетација, ќе мора да се обезбедат многу дозволи од многу институции, а се тоа би било во корист на спортскиот риболов.
Не велам дека спортскиот риболов треба да се занемари, но предност му даваме на рекреативниот риболов на ревирот на река Црн Дрим. Впрочем сега засега толку дозволуваат и финансиите.

Во моментов, одговорно тврдам дека рекреативниот риболов на Црн Дрим се одвива без никави потешкотии кога е во прашање вегетацијата покрај коритото на реката.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 07, 2012 8:15 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maр 25, 2011 2:13 pm
МислењаCOLON330
ЛокацијаCOLONBitola
Kakva e momentalnata aktivnost na ribata na vasiot revir :?:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 07, 2012 8:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Моментално многу варира водата во Црн Дрим.
Активноста на рибата е променлива.
Најдобро поминуваат риболовците што ловат во делот кај село Ложани, од мостот надолу до после пумпите. Се вади крупен скобал со обилна прихрана, но морам да нагласам дека не секогаш има добар улов.
Во реонот на Струга се вади плашица. Овде е сигурна работата. Добро мезе со добро вино и со добро друштво нема да избега ;)

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 1:13 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Еве една фотографија од мостот кај с. Ложани направена вечерва при контролата со рибочуварот.

[ img ]

Направена е со телефон и не е нешто посебно, ама ...

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 12:31 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
emil.matoski НапишиCOLON
Зоки, оваа 2012 година посетеноста на нашиот ревир беше рекордна.
Колку што мене ми е познато никој не се пожалил дека немало место за ловење, освен другар ти што ти го спомнал муабетов.

Доколку се одлучиме да го расчистуваме коритото на Дрим од вегетација, ќе мора да се обезбедат многу дозволи од многу институции, а се тоа би било во корист на спортскиот риболов.
Не велам дека спортскиот риболов треба да се занемари, но предност му даваме на рекреативниот риболов на ревирот на река Црн Дрим. Впрочем сега засега толку дозволуваат и финансиите.

Во моментов, одговорно тврдам дека рекреативниот риболов на Црн Дрим се одвива без никави потешкотии кога е во прашање вегетацијата покрај коритото на реката.
Ne zboruvam za nesto sto ne sum videl ..ili samo ednas sum bil na vasiov teren ..zboruvam za dve grupi od Sk koji bile koga jadel skobalot ,dosta rano i veke pred razdeniuvanje site mozni mesta bile popolneti...za toa kazuvam . Morale da se snaogjaat i da si odat nagore nadole od delot kade sto jadel skobalot i da baraat mesta ili da pravat mestat vo vegetacijata....Izvadija riba no ne e toa toa.... :"-

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 2:17 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Зоки, Црн Дрим е река, а не комерцијала. Мора да има вегетација. Тоа е потребно и за рибите, животните, птиците ... Вегетацијата исто така е потребна за да не се промени изгледот на коритото. Каде што нема вегетација се појавува ерозија на земјиште и кој ќе биде крив ако Пастрмка - Струга ги исече дрвата? А покрај реката е патот и приватни имоти. Не сум сигурен дека сопствениците ќе бидат рамнодушни доколку се оштети патот и ако не можат да стигнат до имотите. Поради ова што го напишав, неопходни се многу дозволи од инспекторатите за да се реализира овој проект.
Риболовците секогаш сакаат да имаат комоција додека риболоват. Ова е несомнено така, но дали би имале успешен риболов доколку им се обезбеди таа комоција? Зборувам за речен риболов, риболов на скобал и клен. Еве ќе ти наведам само два примери па процени дали сум во право. Не знам колку ти е познат делот кај Добовјани, но помеѓу мостот и Вевчанска Река порано имаше дрва од двете страни на реката, а денес нема ниту едно дрво. Порано на тој дел, иако многу краток, се ловеше риба преку цела година. Сега на тоа место ретко кога може да се улови нешто. Дрим во делот на Струга е „писта“. Зошто нема риби?

Настрана од целиов муабет, знам кој ти го кажал муабетот за чистење на Црн Дрим од вегетација. Рики, твојот клиент, а не како што ти кажуваш дека се жалеле две групи од Скопје. Тој како член на УО во ЗРСК Пастрмка - Струга и како предлагач на овој „проект“ (во наводници затоа што јас освен со збор не успеав да го видам на хартија) имаше задача да обезбеди детали за изведување на сето тоа. До денес не сум видел ништо поконкретно на тој план. Единствен аргумент му е дека „Црн Дрим“- Лабуништа направиле стаза, па треба и ние. Немој да ме разбереш погрешно, јас го поддржувам проектот но доколку е се легално и доколку се обезбедат дополнителни средства за реализација на истиот. Пари од дозволи нема доволно за таков крупен проект. Парите од дозволите одвај стигнуваат за плати за рибочуварот, порибување и кирија. Земи во предвид дека немаме службен компјутер, се што треба работиме на нашите приватни компјутери. Немаме фотоапарат и камера за рибочуварот (ни се расипа стариот) и не стигнуваат пари да купиме нов, а е неопходен за работа. Од каде пари за таква стаза?

Еве и едно прашање Зоки. Дали околу 50-60 риболовци во исто време на потег од 300-400 метри е мала бројка? Колку рибари треба да има на тој потег според тебе? Рачунај дека не вршиме излов на штетници, туку рекреативен риболов. Дали доколку се дуплира бројката на риболовци и изнесува 100 на 300-400 метри, ќе има доволно риба за сите?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 6:26 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Emil,jas ti kazav ne sum bil nitu go znam terenot no treba da bises spremen da prifatis poveke ribari ,posebno od Sk,koi realno nemaat kaj da lovat,po nivna informacija......Isto ke mu kazam i na tie sto izdavaat camci na kozjak .da nabavat dopolnitelni camci bidejki potencijal na voda toa go ima kako i drim ili mavrovo ili debar....Cistenje na vegetacija e edna rabota za koja ne mora da sum ili da si vo pravo ama ako sakas poveke ribolovci da ti doagjat mora da im se ovozmozi mesto barem minmalno ..slicno kako i na komercijala ,plaka dozvola bara mesto ..moras nesto da im dades,ne rekov da ja otkrones cela vegetacija ...tuku rascisten eden mal prostor za da moze da dojdi do voda....ne mozes da ocekuvas da se kacuva na drvo da lovi...nema da ti dojde poveke....a mora da plati dozvola ...A ako ne doagja loso za site..za tebe emil posebno..
Sto se odnesuva do moji kontakti za koi aludiras nemas potreba toa da do pravis bidejki toa se vasi raboti i jas ne se mesam koj bil ili ke bide vo pravo .
Za dve grupi sto bile od Skopje ke ti kazam i koi se : Zik,Venco,Catal,miki, edno auto i krespo,bole i dejan i uste eden decko plav od tetovo,vtora grupa............... koi jas gi licno upativ kaj vas da lovat riba. Sigurno me spomnuvale vo " losa" konotacija bidejki gi prativ a tie nasle mestata prezafaetni..no kako se dobri ribari izvadija ponesto ..ke gi nateram i tie da se zaclenat na forumov da ti kazat i od nivna strana sto se slucuvalo toj den...i kade stoele da lovat.......Site mesta kade bil grupiran skobustot bile zafateni do edno...toa treba da ti e tema za razmisluvanje i napredok a ne za odbrana .
Kratko da ti ja kazam vrskata....Sledi:

poveke sodrzina i ponuda da ne kazam mesta za lovenje kaj vas i na drugi mesta ,znaci poveke ribari od drugi gradovi ke baraat materijal i ke se spremaat za ribolov to a znaci promet i vo prodavnici,poveke dozvoli,poveke potrosuvacka na site vidovi na produkti,jadenjae,benzin,konec,min,voda,meso,mamci,jakni,baterii itn...
Tipicenm primer e Dojran,vidi na forumov ..300 camci za eden vikend sto izmina..znaes li kolku dozi crni crvi etoa kolku tapi,dozvoli vo dojran kolku pari od iznajmuvanje camci,sobi,.iiiiitn..
Toa e prava rabota zatoa ti go napisav da site imame car... :lepi:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Дек 08, 2012 7:10 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Зоки не велам дека идеата е лоша, велам дека реалноста не дозволува многу маневри на оваа тема. Твоите пријатели сигурно биле на делот во с. Добовјани. Таму скобалот го има секаде, ама и плашицата е присутна. Се бараат микролокации каде нема да прави проблем плашицата. Тие микролокации се нападнати од многу риболовци, не е спорно ова. Се оди што е можно порано за да се обезбеди подобра позиција. И јас сум одел од ноќе. Кога ќе пристигнеш таму, риболовците со електрики се движат покрај река за да обезбедат поповолна позиција. Не велам дека измислуваш или дека пријателите те лажат.
Е сега прашуваш зошто да не се направат места за сите да ловат таму каде што е групиран скобалот, а со тоа да профитира и концесионерот и другите. Па ако е групиран, тогаш е на одредена микролокација, а тоа значи дека и бројот на риболовци, сакале или не, ќе се ограничи. Од друга страна во делот на Добовјани реката поминува буквално низ приватен имот. Кој е тој што ќе дозволи сечење дрва таму? Биди реален. Па сите ние поминуваме низ дворовите од тамошните жители. Треба уште дрвата да им ги сечеме? Друго се акумулации или езера, чамецот и ... Ова е река. Не канал, туку река. И јас би посакал повеќе приход од дозволи, но мора да се погледне реалноста.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2122232425ELLIPSIS71»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum