Темата за чешко нимфарење ја отворив како запознавање со еден вид техника на риболов.
Еднаш ја имам применето, на Треска. За клен ја немам пробано, но не гледам зошто не би била успешна. Фатив една мала пастрмка, ја пуштив, и видов дека немам воопшто задоволство во тоа и се мислам дека некако на тој начин се мамам сам себеси.
Преврзав, сменив систем на сува мушичка за мој кеиф и предизвик (секој со своето). И Треска како Треска си надојде како Дунав, па си ставив стример со тунгстен отежнат, фрлај влечи брзо но немаше резултат. Се мислев дали пак да ставам три нимфи, но ми текна дека го добивав истото чувство што го имав додека одев како мал на Тиквешко по 7-10 дена. Секој ден крмење здраво во залив со пченица, пченка, леб, факаш килограми и килограми црвеноперка, караш, и по некој крап И?... си фатил риба, тикви си фатил.
Незнам дали некогаш пак би факал со чешко нимфарење, тоа си е работа на личен избор.
За мене лично најголем предизвик и мушичкарење (fly fishing)е изработка и лов на сува мушичка со шнур.
Стримери, имам голем мерак да ги правам, понекогаш ловам со нив, и знаат поголеми парчиња да дадат. Знаат трицепси да страдаат од повекечасовно брзо влечење на шнурот
Нимфи - многу малку ги применувам, иако знам дека се една од основните храни на рибата.
Fly fishing is a state of mind. Fly fishing is limitless.