По информациите на Филип со бројките
дека на Пчиња рибата почнала да се појавува,решивме да ја испитаме ситуацијата директно на терен.И речено сторено,уште во мугрите бевме на река на едно наше место каде што лани поминувавме добро.
Местото е малку брзо, и за да не ловиме со тешка спрема која барем на Пчиња е недобитна комбинација се решивме за брана и шипките веќе беа на готовс.
Ова не е фалангата на Александар туку јас и Трајче
,се фативме за работа
Браната ја направивме набрзина,бидејки теренот ни е добро познат а и гранки има колку сакаш.
Крмевме со стар леб,јас ловев со тапа од 1 грам,конец 12,подвез 10 и јадица мустад 13.Ловевме на бели црви,леб и француски леб.А работата тргна добро,досаѓаше плашката ама и бојникот беше тука
Не беа крупни ама правеа кејф,излезе и по некоја попадика
како и крупни кркушки
И не за џабе нашиов народ рекол се што е убаво кратко трае,околу 10 мислиш некој отвори прозор,дува трска во раце не се држи
ништо ај викаме да јадеме и да се одмориме, белки ќе се смири ветерот
Ништо не ја бива работата,неможе да се лови
Брзо падна одлуката се собираме барем да ја гледаме трката Формула 1,растурање на браната
И на крај уловот
До следниот риболов бистро