Концесионер на риболовниот ревирот е Здружение на риболовци ТРЕСКА Кичево кое постои од 1953 година и е константно концесионер на ова подрачје. Член на здружението може да биде секој полнолетен граѓанин со добивање на членска книшка и легитимација за рекреативен риболов од МРФ. Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација од МРФ, членска од здружението и дозвола од МЗШВ.
Риболовниот ревир Треска 1 е атрактивен риболовен ревир, каде доминатен вид треба да биде македонската пастрмка. Особенио посветуваме внимание на зачувување и зголемување на популацијата на македонска пастрмка во нашиот риболовниот ревир.
Риболовниот ревир го порибуваме исклучително со порибителен материјал од автохтона македонска пастрмка од регистрирани репроцентри, а добиен од матици кои се ловени и потекнуваат од нашиот предел годишно законски имаме обврска да порибуваме 3000-5000 единки со просечна маса од 10-50 грама.
Големина под која не смеат да се ловат Пастрмка35см ,Бела мрена35см ,Црна мрена15см ,Клен30см ,Скобуст 25см ,Попадика 20см.
Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.
Временски период во кој е забранет риболов
Пастрмка Од 01. октомври до 28/29. февруари наредната година
Скобуст Од 15. април до 15. мај
Клен Од 05 мај до 15 јуни
Попадика Од 05 мај до 15 јуни
Бела мрена Од 15мај до 15 јуни
Црна мрена Од 15 мај до 15 јуни
На реката Треска покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите се воведува забрана за риболов на пастрмка во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници и летните месеци јули и август).
На риболовниот ревир “Треска 1” како специфична локација каде се мрести македонската пастрмка се определува делот од изворот до мостот на патот Кичево-Битола.На локациите каде се мрестат рибите, во периодот на мрест се забранува секаков вид риболов, освен риболов за научно-истражувачки цели и изведување на вештачки мрест.
Порибувањето со автохтона македонска пастрмка да се извршува секоја година со одгледан подмладок со маса од 10 до 50 грама во периодот од септември до декември, или во периодот јануари и февруари наредната година, а најдоцна до 15 април.
Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовен ревир “Треска 1” се определлува на:
- македонска пастрмка до 2 (два) примероци
- виножитна пастрмка неограничено
За риболовен ревир Треска 1 единственото ограничување е бројот на уловени примероци пастрмка.
При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки.
Риболов на пастрмка со природни мамки на р. Треска е строго забрането. Користењето на природни мамки во риболов на пастрмка се третира како криволов.
При вршењето рекреативен риболов на останатите видови на риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.
Поздрав од Кичево до сите спортско/рекреативни риболовци !
ЗР “Треска“ - Кичево
Живко Туфекџиоски 22
Кичево
(045) 221 988
(045) 221 920
повеке информации за ревирот viewtopic.php?f=17&t=720&p=47147#p47147