"Цели, задачи и дејности на МРФ се :
- организирање на рекреативниот риболов во Р.Македонија;
- организирање на спортскиот риболов во Р. Македонија;
- организирано јакнење на РЗК, нивна меѓусебна соработка и омасовување на спортскиот и рекреативниот риболов;
- насочување и координирање во работата на РЗК;
- развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов;
-
зголемување на рибниот фонд;
- заштита на водите и рибите во нив;
- заштита и унапредување на животната средина;
- дава помош, соработува и врши контрола на терен во организирањето на спортскиот и рекреативниот риболов на своите членки;
- порибување на водите во Р.Македонија;
-
издавање легитимација за рекреативен риболов;
-
издавање легитимација за спортски риболов;
- водење евиденција и статистика од областа на рекреативниот риболов;
- водење евиденција и статистика од областа на спортскиот риболов;
-
соработка, помош и учество во производството на порибителен материјал со регистрирани репроцентри;
- соработка со други организации, органи и здруженија;
- едукација на младите во тајните на спортскиот и рекреативниот риболов;
- спроведување и остварување на политиката за развој на физичката култура и спортот воМакедонија;
- утврдување и реализирање на систем за натпревари во спортски риболов;
- стимулирање за постигнување на врвни спортски резултати;
- унапредување на врвното спортување во спортски риболов заради репрезентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план;
- организирање обука и испити за спортско риболовни судии;
- редовно и детално информирање на членките на федерацијата;
- издавање брошури и други стручно-информативни матерјали;
- изготвување и организирање на разни облици на стручно усовршување на спортските и рекреативните риболовци (семинари, советувања и друго);
- подготвување на програм и спроведување на семинар и курсеви за стручно дооспособување на рибочуварите;
- извршува и други цели и задачи од областа на спортскиот и рекреативниот риболов."
Би го замолил господинот Васил да ми одговори конкретно на кои цели и задачи имаат одговорено МРФ од зацртаниот план,освен обележените со црвено,нормално,откако е на мандат како претседател на МРФ...?????
5. Како се финансира МРФ ?
Финансирањето на МРФ е дефинирано во Член 11 од Статутот на МРФ кој гласи:
МРФ за остварување на целите и задачите набележани во овој Статут се финансира од
следните извори:
- наплатен надомест од издадените легитимации за рекреативен риболов;
- членарини од РЗК
- котизација за спроведување на семинари, курсеви и оспособувања;
- котизација за учество во систем на спортски натпревари;
- од буџетот на Р. Македонија;
- од издавачка дејност;
- од донации, и други извори на средства.
Значи финансирањето на МРФ е одредено со закон..!!!
Средствата од легитимацијата (280) денари се трошат за функционирање на канцеларијата на МРФ - плата за вработените, струја, вода, телефон, членарина во ЦИПС, за изработка и издавање на легитимацијата, за работата и акциите на државната риболовна контрола и дриги материјални трошоци.
Средствата од рекреативните дозволи ,процентот кој што останува за МРФ би требало наменски да се искористат!!!!...Ние не сме ревизори,ама сепак малку поконкретно каде отидоа парите од многубројното членство???..и пред да се плаќа рекреативна дозвола канцеларијата опстојувала....претходнит одговор беше многу оскуден..!!!!
бројот на регистрираните рекреативните риболовци во Македонија кој пред моето доаѓање беше едвај 3500 се покачи на над 10.000.
За какво намалување на членови станува збор....а со тоа и не вадење на рекреативни дозволи..????
Учествувавме на повеќе меѓународни натпревари (светски, европски балкански првенства)
Би Ве замолил господине Костов ако сакате да ми одговорите само на првото прашање,тоа ќе ни објасни многу и многу работи ќе ни бидат јасни!!!Останатите може да ги игнорирате,не се ни толку битни!!!Благодарам однапред!!!Поздрав......