на неколку пати имам пишано за ова проблематика ама ете пак ке се измачам да апелирам
колку што знаете и самите или пак некој и не знае - риболовот(зборам за РЕКРЕАТИВНИОТ) каде нема КОНЦЕСИЈА Е ЗАБРАНЕТ а со самото тоа и лугето или риболовците кои ке се или би се фатиле на дело се потенцијални жртви за да заработат и Пријава која и не е баш малку пари со оглед на примањата на грото од народот што ги имаат или ги земаат како плати
иако за сите води кај нас има изработено РО(риболовна основа) која детално опишува пропишува се за таа вода
-што смее
-што несмее
- правила за риболовт и т.н
е сега тие правила и таа РО важат само кога ревирот би бил под концесија - кога не е важат пријавите за криволов
еве вака изгледа - реално и моментално според законите
КАКО Е НА ТЕРЕН ??
на терен сликата е сосемаа поинаква
- значи лугето или риболовците и рекреативците секој дневно си ги посетуваат водите си ловат риба или да кажм се рекреираат - а зошто па и да не ???
ке чекаат ли доделување на концесија за да ја посетат реката/езерото која им течи на 10,20,50 метри од дворот или на неколку километри од дома и во тој период ке мора да браат некоја најблиска легална вода со концесија за да одат по риба (поточно да РЕКРЕИРААТ)
нормално дека не, глупаво е некој да ти забрани да рекреираш на најблиското место каде си до вчера рекреирал
ЗАМИСЛЕТЕ
- да фудбалските, тениските, кошаркарските игралишта крлешките на децата - да се даваа под концесија и да каде нема концесионер во тој период биде заклучено или пак отворено ама забрането - и кој ке игра, трча , крла(рекреира) да биде казнет - глупости живи и тоа во боја
реките, езерата, планините се на државата и на народот во неа а богами и на туристите кои сакаат да прошетаат или искористат дел од таа природа
како би го решиле ова погоре ?
мое мислење е дека треба да се малку замислиме и да се потрудиме да апелираме до некој од надлежните за решавање на ваквата состојба со тоа што на оној кој сака да риболови на ваквите делови државата ке му даде шанса да си извади некој легален документ со некоја си надокнада и да си биде чист пред законот и пред инспекторот или полицијата и да не се соочи со казна за КРИВОЛОВ
на форумот не има доста членови а и здр. па дури и МРФ го прати форумот
денес се без концесија моите блиски ревири - утре би биле и вашите а решавањето е поволно за сите поштени риболовци
што мислите добро лие да се проба или да си тераме по старски- како што си е