www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:07 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS15»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЗРСК - ПАСТРМКА - Струга
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 11:49 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Ја отворам оваа тема од причина што риболовниот ревир „река Црн Дрим 1“ е доста посетен и интересен ревир за рекреативните риболовци од целата територија на РМ. Целта е што е можно повеќе да ги информираме риболовците за случувањата на овој риболовен ревир и за активностите на концесионерот ЗРСК Пастрмка - Струга.


Податоци за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“

Риболовен ревир „река Црн Дрим 1” според Риболовната основа за „слив на река Црн Дрим“ го опфаќа течението на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро во Струга, крај хотел Дрим, низводно до вливот во акумулацијата Глабочица, мостот во с. Ташмаруништа е граница; Во истиот припаѓаат и реките: Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино (општина Дебарца) до вливот во р. Црн Дрим, Голема (или Збашка) Река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Каналот од Струшко поле, кој ги собира водите од Струшкото поле и од изворите во с. Шум, Беличка река, од изворот до вливот во Каналот на струшкото поле, Лабунишка река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Вевчанска река, од изворите до вливот во р. Црн Дрим;


Концесионер на риболовниот ревир „река Црн Дрим 1“ е:
ЗРСК Пастрмка - Струга
ул. Маршат Тито бб (градски безистен 1 кат)
6330 Струга.
тел. 077 / 766 – 777

email : srkpastrmka@yahoo.com


Рекреативен риболов е дозволен исклучиво со поседување легитимација и дозвола за рекреативен риболов.
Цени на членска карта, риболовни дозволи и легитимација за 2012 година:

200 ден. - членска карта за ЗРСК Пастрмка - Струга
400 ден. - легитимација за рекреативни риболовци издадена од МРФ


ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА РИБОЛОВ за 2013год.
1 000 ден. - годишна дозвола
700 ден. - петнаесетдневна дозвола
500 ден. - седумдневна дозвола
200 ден. - дневна дозвола

Уплата за членска карта и дозволи може да се изврши на жиро сметката од ЗРСК Пастрмка - Струга: 200 000 003 399 648 во Стопанска Банка.
* доколку рекреативниот риболовец веќе поседува легитимација извадена преку друго здружение, потребно е да си уплати само дозвола за рекреативен риболов.
** дозволите и легитимациите можат да се обезбедат во просториите на ЗРСК Пастрмка - Струга или, по претходно извршена уплата, во продавницата за риболовна опрема „РИКИ“ во Струга


Дозволени риболовни средства:
- Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.
- При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или едникрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или едникраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.
- При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.


Рекреативен риболов е дозволен преку целата година освен во периодот за мрест.
Одредена е забрана за риболов поради мрест на одрдени видови риби и тоа во период:

Пастрмка - од 01. Октомври до 28/29 февруари наредната година
Црна мрена - од 15 мај до 30 јуни
Скобуст - од 15 април до 15 мај
Клен - од 05 мај до 15 јуни
Крап - од 15 мај до 30 јуни

Риболов на пастрмка е дозволен во периодот петок, сабота, недела и за државни празници во периодот од 1 март до 30 септември.
Сите уловени риби во периодот кога е предвидена забрана за истите, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За оние видови на риба за кои не е предвидена забрана за мрест рекреативниот риболов ќе биде дозволен преку целата година.
Голема река и Вевчанска река, по целото нивно течение се определени како природни плодишта каде се мрести пастрмката и на истите e определена забрана за секаков вид риболов во периодот од 1 октомври до 1 март


Дозволен дневен улов, по видови на риба, за рекреативен риболов :

пастрмка во река Црн Дрим - 2 примероци
пастрмка во притоките на река Црн Дрим - 3 примероци
црна мрена - 25 примероци
скобуст - 13 примероци
клен - 10 примероци
крап - 1 примерок
јагула - 1 примерок


Максимална дозволена количина на дневен улов на риба изнесува вкупно 3 кг. Доколку во уловот има разни видови на риба, вкупната количина во еден ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Рекреативните риболовци се должни редовно да водат евиденција за уловот и податоците да ги доставуваат до концесионерот.


Големина на рибите под која не смеат да се ловат:

Пастрмка во р. Црн Дрим - 40 см
Пастрмка во притоките - 30 см
Црна мрена - 20 см
Писа - 20 см
Скобуст - 25 см
Клен - 30 см
Крап - 40 см
Јагула - 50 см


Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, може да се ловат во сите големини.
Ракот е забранет за ловење во сите големини.


Ова се основните и официјални информации за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“.

Ќе се потрудам заедно со моите колеги овде редовно да ви доставуваме и информации за активноста на рибата, водостојот, репортажи ... :arrow:viewtopic.php?f=17&t=2025

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 2:16 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Феб 16, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON305
Zdravo Emil,
pozdrav za vakavata ubava komercijalna ponuda na Vasiot prekrasen revir,eden od najubavite i najbogati so riba vo Makedonija.Pogolemiot del od mojot riboloven staz go imam pominato na toj revir,posebno Dabovjani.Ova sto go pravis treba da go pravat i drugite vo Vaseto drustvo.Posebno cuvarot Tance.Odnosot mu e pod NULA.Pri poslednata poseta na Dabovjani,Drim bese ogromen duri ne se lovese i vo junglata,uste ne izlezeni od kola recenicata mu bese;AKO NE PLATITE DNEVNA IC NE GI VAGJAJTE TRSKITE!Na sostavot so Vevcanska imase 7-8 ribolovci,4 deca i 3 vozrasni ziteli od Dabovjani koi lovea klen(uste neizmresten) na olova na glista."Tie sigurno imaa dozvoli".Kulturno mu kazavme deka samo da probame na tapa 15 min. i ke si odime bidejki rekata ne za tapa.Arogantniot negov odnos pridonese da si otideme posle 5 min.Bidejki ja znaevme vodata,nie ne baravme da ne ceka nie da lovime pa da mu platime dnevna,planiravme samo da ni pomine merakot 10 minuti i da zamineme na centrala.Sepak znaes deka tamu ,so Vasko,lovime so godini-posebno toj znae kako dise ribata i vodata i deka ne sme za eden den.Taka ne moze da se odnesuvate na nekoi ,na kogo sega go nudite Vasiot revir.Isto taka znaes deka poradi Vasko golem broj ribari od Skopje doagjata tokmu na toj revir,od nego baraat informacii, a ne od Vas.So vakviot odnos na cuvarot samo ke pridonesete pomalku ribolovci da doagjaat na toj revir.Sepak sega NIE ribolovcite sme Vasi kupuvaci i treba malku poveke da obratite vnimanie za odnosot kon kupecot.
Ova ti e dobronamerna kritika za da si smenis nekoi raboti i da imas poseta na revirot,a ne da imas ribari od tipot na ,mrezari,kandjari,sacmari,na znam kako da gi narecam tie sto go cekaat krapot vo trskata so vili na mrest,mrezickari i ostanatai krivolovci,cij broj sigurno e pogolem od brojot na ribolovci od Vaseto podnebje.Znaci ribolovci sto ke gi privlecete so Vasata ponuda i odnos od drugite gradovi samo ke Vi pomognat vo BORBATA PROTIV RIBOKRADCITE.
Bistro
BUBE


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 5:03 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Бубе прво сакам да те поздравам затоа што лично те познавам.
Немам многу време да пишувам сега ( подоцна повеќе ), но ти велиш дека поголемиот дел од риболовниот стаж си го стекнал токму на Црн Дрим кај с. Добовјани. Ќе те замолам да ми покажиш барем една дозвола што си ја извадил за тој ревир и после ќе разговараме за односот на рибочуварот кон тебе, а и твојот однос кон концесионерот. Дозволата можеш да ја сликаш и да ја објавиш на форумов.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 5:09 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Кога е во прашање контролата на рекреативните риболовци морам да го спомнам следното.
Во моментов рибочуварите (претпоставувам на сите концесионери ) својата работа најмногу ја имаат сконцентрирано кон контролата на рекреативните риболовци ( некаде 70% ) од причина што случаите како Бубе се многу.
Кажите како може да функционира рибочуварската служба доколку риболовците не плаќаат дозволи?
Па концесионерот своите средства за работа ги обезбедува од дозволите.
Ако нема дозволи тогаш нема ни рибочувари.
Дали ова е целта на овие коментари погоре?
Доколку секој риболовец си извади дозвола без притисок од рибочуварот, тогаш рибочуварот ќе има можност 90% од својата работа да ја насочи кон спречување на рибокрадството, а не како сега само 30 %.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 5:31 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Емил ...

Еве мене лично ме интересира дали дневна дозвола мора да се вади на некој пункт , дали мора однапред да се уплаќа или може да се извади на лице место од рибочуварот ?

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 5:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
077/766-777 е бројот каде е пожелно да се јавите, а за дневна дозвола ќе се договориме да ја добиете на локација каде што ќе посакате.
Инаку дневна дозвола може да се обезбеди и во продавницата за риболовна опрема „Рики“ во Струга, по претходно извршена уплата.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 5:50 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Емил , имам стан во Охрид а Струга не ја познавам баш најдобро , затоа ми беше прашањето дали може да се извади дозвола на лице место кај чуварот ... тоа ми беше поентата ;) како и да е благодарам за информацијата :D

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 10:19 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON421
pocituvan Bube jas licno sum bil so Tance vo nekolku navrati nakaj Dobovjani koga toj licno te tolerairal i koga mu prodavase demagogi "deka ne vadis dozvola zato so si bil clen na Ribar 2011"...bese so uste eden covek......i koga go prasav Tance dali si izvadil dozvola mi rece NE, deka ke si izvadel.....Sakam da te pozdravam i da ti kazam deka si krajno nekorekten prema coekot i sakam da ti kazam deka ako uste ednas se zateknis bez dozvola kaj Dobovjani postapka nema da bide pokrenata voopsto prema tebe, tuku prema Tance i to mozis da mu go prenesis na Tance i ti licno.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 21, 2012 11:00 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ne e vo red da ne se vadi dozvola.
Pa zarem e dojdeno do tie pari ?

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЗРСК Пастрмка - Струга, Црн дрим -1
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 22, 2012 4:57 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Целосно се сложувам со оваа констатација.
Годишната дозвола за Црн Дрим 1 изнесува 1000 ден., или околу една третина од трошоците за гориво кои на Бубе му требаат да дојде во Струга и да риболови.
Кога ќе бидам јас исправен, тогаш можам да критикувам.
Незнам со кое лице Бубе го напиша постот погоре ?!?!?!?!

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS15»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum