zdruzenijata ke gi cuvaat i ke zemaat od site drzavni dozvoli % od ministerstvoto
Ова не е точно.
Парите што одат во буџет остануваат таму.
Парите што одат во здружението преку кое е издадена дозволата си ги наменува тоа здружение како сака.
Е сега, во МК државна дозвола ќе извадат најчесто Скопјани. Пример, од Стружаните ретко кој риболови на друг риболовен ревир освен на ОЕ, Глобочица, Дебарско и Црн Дрим, па немаат потреба за државна дозвола. Скопјани најчесто риболоват на различни риболовни води затоа што немаат атрактивна риболовна вода во близина на Скопје, а и инфраструктурата им дозволува лесно, брзо и релативно евтино да стигнат до билокоја друга вода, а згора на се голем град и многу полесно е да се организираат повеќе луѓе со кола или комбе за риболовен ден или викенд на некоја вода во внатрешноста на МК.
Доколку државната дозвола е со прифатлива цена за сечиј џеб, мислам дека концесионерите од внатрешноста ќе изгубат многу на сметка од скопските здруженија.
За да биде иронијата уште поголема, касата ќе си ја полнат здруженија од Скопје биле или не биле концесионери, имале или немале обврски за заштита и порибување на одредени води, а на нивна сметка концесионерите од внатрешноста мака ќе мачат да состават крај со крај.
Бубе, и јас мислам дека законот лошо ги има дефинирано работите кога е во прашање државната дозвола, но тука не може ништо преку ноќ да се смени. А ќе се смени, кога тогаш.
Со ова во никој случај не сакам да ја негирам државната дозвола. Таа важи и ќе важи за цела територија на МК како што пропишал Законот, му одговарало некому или не.