Еве и јас да поставам едно прашање.Искрено за натпреварите не се интересирам ,ама длабоко ме засега едно друго прашање,
Рековте дека според Вас,има услови за порибување со смуџ во сите наши води......Еве јас сум посетил многу различни води,населени со најразлични видови на риби(зборувам за во странство)по местоположба,услови за риби,растителен свет се исти со нашите води....Прашањето ми е е
Зошто во нашите води отсуствува освен смуџот,една штука,една деверика,амур,толстолобик,јагула....и мн.други видови.Нај конкретно-ШТУКАТА.Секој кој малку прелистал за штуката не верува во стереотипи дека штуката е штетна риба,која ги уништува другите....Ма нема врска.Штуката е една атрактивна риба за спортски риболов,која успева секаде,која одржува баланс секаде,која е ефтина да се донесе и пориби,која брзо успева.....
И нај конкретно ДОЈРАН релација ШТУКА.Зошто досега не е направено ништо по ова прашање.Ги има сите услови во шаварот,има природна храна во плашките,карашите,црвеноперката(читај болни и повредени риби од овие видови)значи има се штои треба а со тоа спорсткиот риболовец ќе добие непроценлив кејф.....
Ако е до финансирање,кое не верувам дека е проблем,еве ние од форумот да се организираме би го порибиле Дојранско....но не смееме сами нели??
Ова прашање со видовите риби ,кои ни фалат бесконечно многу.....мора да се разјасни.
П.С
Од мене поздрав за храброста да влезете во жарот на борбата овде,и искрено се надевам дека заедно сме посилни
Здраво
Не би сакал да бидам непристоен, но сите наведени видови риби веќе ги има во определени води во Македонија. Во водите на Македонија има смуѓ, амур, толстолобик, штука, јагула па и деверика. Ако прашањето е зошто ги нема во сите води тогаш одговорот би бил многу покомплексен.
Ке се обидам да одговорам на кратко. Прво, девериката, амурот, толстолобикот и смуѓот се риби кои не се автохтони (домородни) па природно ги нема во нашите води и истите треба да се внесат со порибување. Амурот и толстолобикот не се размножуваат природно, во наши услови, па треба постојано да се порибуваат. Смуѓот многу тешко се транспортира како возрасен затоа што е многу нежен и чувствителен, па мора да се носи во облик на икра, во гнезда. За него има оправданост да се пушта во акумулациите во МК и веќе кажав дека неколку пати се обидов тоа да го сторам, ама се беше против мене. Едноставно не се поклопија коцките.
Потоа, официјално порибување на природните езера и реките со алохтони (недомородни) видови риби е тешко. Тука голем отпор даваат еколозите и биолозите кои се повикуваат на потпишаните конвенции за заштита на биолошката разновидност и заштита на природните езра. Ако мене ме прашуваш, како риболовец, искрено би бил среќен наведените видови да ги има во сите води. Не би имал ништо против штуката во Дојранско и Преспанско Езеро. Дефинитивно во двете езера има идеални услови за нејзин живот и интензивен раст. Многу „бела“ риба, трска како скривалиште и живеалиште, услови супер. Искрено уште се чудам како никој не ја донел во Дојран и Преспа. Да не ме сватите дека алудирам на нешто, не дај боже да мислите дека јас сега некого наведувам да стори прекршок, па не дај боже да улови штука на Црна и на своја рака да ја пушти во Преспа или не дај боже некој да улови штука од Струмешница па да ја пушти во Дојран. Тоа официјално не го одобрувам. Инаку ловот на штука почнува. Веќе убаво се лови и на Црна и на Струмешница (Струмица).
Порибувањето на Дојран и Преспа со толстолобик и амур го одобрувам и научно можам да го оправдам. Дури и инсистирам да се порибуваат затоа што позитивно ќе влијаат на квалитетот на водата. Имам силен отпор од страна на еколозите и биолозите кои слепо се држат за догмите наречени конвенции. Но не престанувам во настојувањата и еден ден и тоа ќе биде.
Трето. Порибување со јагула не е забрането и сите води во РМ може да се порибуваат со јагула. На своја рака и со помош на ентузијасти и пријатели многу јагула е пуштена во водите во МК во изминатите години. Единствен проблем при порибувањето со јагула е исклучително високата цена на подмладокот.
На темава има многу да се зборува ама ај за сега толку.
Поздрав.