Jas mislam deka rabotata e od start gresno postavena. Civi se rekite?
Pa na ribarite a ne na drzavata. Na drzavata se od aspekt na prirod o bigatstvo, energetski potencijal ..., a ne kako akva kultura.
Tie ribi vo vodata bez ribari nisto ne vredat.
Сосема погрешно, и рибите и водите и се што е во водата и околу неа е на државата. Државата во демократија е водена од институции во кои раководат луѓе на кои мнозинството граѓани во државата им рекле “Повелете ја имате нашата доверба водете ја државата и направите нешто добро за нас“. Ако земат сите (цел народ) да си раквоодат со се, тоа не е држава, ниту демократија, ниту институции, тоа е првобитно општество и анархија. Ако рибите како што сугерира Илија им ги дадеш на “рибарите“ и им речеш, еве рибите се ваши терајте, нема правила, кој што сака нека прави.....може да претпоставиме што ќе се случи многу лесно затоа што тоа повеќе или помалку и денес се случува на некои води каде што нема концесија и затоа е тоа проблем.
Што се случува, на овие води доаѓаат мрежари, харпунџии, струјаџии и си тераат своја работа, и оние си се нарекуваат рибари. Доаѓаат рибари, некои ги викаат месари, или корморани, фаќаат со нормален риболовен прибор и гледаат што повеќе да извадат од реката, ако фати и 200 кг, со задоволство ќе ја земе, не гледа на мало, големо, мрест не мрест. Доаѓаат и рибари кои фаќаат со нормален риболовен прибор и кој го гризе малку совест да земе 200 кг риба, ама на 5-6 кила нема да и прости (и тоа во нормални услови не е дозволено, ама ете кога сите праат што сакаат, може и он). Доаѓаат и рибари кои фаќаат со нормален риболовен прибор и делумно вадат, делумно враќаат, дел од нив и се враќаат, ама пак се луѓе кои фаќаат во води без концесија. Доаѓаат и рибари кои не фаќаат, гледаат што се случува на водата, му се плаче за риболов, но не риболови и нејќе да биде нелегален, само пцуе и тера у мајчину. И овие другиве групи си се пцујат и тераат во мајчину меѓу себе, но бидејќи е дива лига “рибите на рибарите“, анархија, тоа е тоа. Тоа се генерално групите на луѓе “рибари“ и тоа го прават кога ќе им дозволиш да прават што сакаат. Затоа е потребна државата и нејзините механизми, закони, институции и можност да го примени законот (присилба и казни). Така полека се враќаме кон оние кои ја раководат државата и кои се избрани да ги решаваат проблемите, како што е во нормални држави.
И да не го тупиме многу, работите се многу прости и едноставни, ако има проблем треба да се бара (со конкретни иницијативи и предлози) решавање на проблемот. Ако сме рибари иницијативите треба да одат преку формите на здружување на рибарите, а тоа се здруженијата и федерација.