www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 11:54 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 4:49 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Mene konkretno me interesira dali sme clenka na IGFA organizacijata http://www.igfa.org/ i ako sme kakva e procedurata za prijavuvanje vrsta na riba kako nov svetski rekord?

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 5:23 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ох ТЕШКОТО зурли штом диво ке писнат
јако ке биди :o
ЦРН БУМБАР :?:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 5:30 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Филип НапишиCOLON
Прашање:

Од 400 денари уплатени за легитимација, 120 порано оделе за порибување (секако дека би сакал тоа да е повторно така), а сега 120 одат во буџет и не знаеме која им е намената (државата си ги троши за свои потреби).

Каде се трошат моите преостанати 280 денари и зошто до лани легитимацијата беше 300, а годинава 400 денари?
filip sakam da znaam kade odat tocno nasite pari !!! dosta e vece sivi zoni i nikoj na nikogo da ne dava otcet ..
sakam cas poskoro seto toa da se promeni i da ima javna smetka za nasite pari...
a kaj si videl ti poribuvanje??
a kaj se tie 600 denari od lanskite sponzoriranja vo vardar ???
sto imame nie od toa ;zastiteni vodi,poribuvanje,takmicenja???ne mi e jasno koja usluga dobivme za 600 denari???

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 5:32 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Dali se razmisluva da se vovede edinstvena godisna dozvola za ribolov na site vodi vo RM,koja vprocem ke e dostapna po cena za sekoj rekreativec,vo ovoj moment da pocnam da placam dozvoli za site ezera i reki 200evra ke se malku,kolku da potsetam vo sosedna Srbija godisna dozvola za site vodi e 45-50evra

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 6:03 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Да оставиме простор господинот Костов да одговори прво на овие прашања,па секако после ќе поставиме и други.Има уште многу за одговарање.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 8:32 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Баџо НапишиCOLON
Поздрав до господинот Васил Костов и би сакал да поставам прашање кое сите спортски риболовци верувам ке ги интересира а тоа е:
До каде е постапката со издавањето на концесиите за 2012 година и дали веќе има дадено концесија за одредени ревири како што тоа проструи низ рибарите ?
Концесиите ги дава Владата на РМ преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство тоа најверојатно на сите ни е јасно. Последната информација во врска со концесиите е дека е донесена одлука на Влада и се чека истата да излезе во Службен весник, по што ќе се повикаат идните концесионери да го потпишат концесискиот договор.
Колку ми е познато концесии се издадени за над 20 риболовни ревири. За оние кои не е донесена одлука за доделување ќе биде распишан повторен конкурс.
Се надеваме дека оваа постапка ќе заврши многу скоро, можеби и во текот на оваа недела. Тоа не зависи од риболовците.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 8:43 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Филип НапишиCOLON
Прашање:

Од 400 денари уплатени за легитимација, 120 порано оделе за порибување (секако дека би сакал тоа да е повторно така), а сега 120 одат во буџет и не знаеме која им е намената (државата си ги троши за свои потреби).

Каде се трошат моите преостанати 280 денари и зошто до лани легитимацијата беше 300, а годинава 400 денари?
Васил одговори на најлесното прашање ;)

Да го дополнам моето, дали МРФ подлежи на некаква ревизија, дали има ревизор на финансиски извештаи, дали може некаде да се виде како се распределуваат средствата кои се собираат од легитимации, натпревари и сл, по кој основ се распределуваат и сл?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 8:47 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Филип НапишиCOLON
Прашање:

Од 400 денари уплатени за легитимација, 120 порано оделе за порибување (секако дека би сакал тоа да е повторно така), а сега 120 одат во буџет и не знаеме која им е намената (државата си ги троши за свои потреби).

Каде се трошат моите преостанати 280 денари и зошто до лани легитимацијата беше 300, а годинава 400 денари?
Средствата од легитимацијата (280) денари се трошат за функционирање на канцеларијата на МРФ - плата за вработените, струја, вода, телефон, членарина во ЦИПС, за изработка и издавање на легитимацијата, за работата и акциите на државната риболовна контрола и дриги материјални трошоци. Завршната сметка на МРФ е јавен документ и истата ќе биде објавена на страната на МРФ. Нема што да се крие, сите рекреативни рибоовци ќе може да ја видат.

Минималната сума на средства која е потребна за функционифањето на канцеларијата на МРФ, согласно определени пресметки, е 300 денари. Одлуката да се плаќаат 30 % од дозволата во Буџет и намалениот број на рекреативни риболовци кои вадат легитимација порад немањето концесии и нефункционирањето на голем дел од друштвата наметна цената на легитимацијата да се промени.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 8:51 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Dali moze MRF na drustvata-zdruzenieta i konsecionerite da im nametne edna edistvena dozvola za ribolov za cela drzava za site vodi.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 9:29 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
ico baits НапишиCOLON
Kakvi rezultati imate napreveno vo izminative 5 god, vo delot na sporskiot ribolov..posebno za krapskiot..Dali moslite deka so vaseto doaganje na celo na mrf, odime napred ili se vrativme 2 cekori nazad..

Za rekreativnite ribolovci sto ste napravile ..poribile zastitile.. so sto ke se pofalite..pozdrav dolzite iskren odgovor.. ;)
Поздрав Ицо.
Овде има неколку прашања па по ред одговарам на сите.
1. Признавам, немам значајни резултати во спортскиот - крапскиот риболов. Тоа не значи дека нема да имам. Пишав дека од неодамна сум спортски риболовец. И оваа година ќе се натпреварував доколку имаше пријавени екипи. Јас уплатив котизација за натпреварите, но лигата е бојкотирана од крапчиите. За причините би сакал сами да се изјаснат. Моја лична заложба беше и сеуште е да се формира засебна Комисија за крапски риболов со широка автономија и овластувања, која ќе го организира и води крапскоот риболов. Во неа да влезат сите чесни и вистински „крапчии“.

2. Дали одиме напред или назад? Не е едноставно да се одговори на ова прашање. Многу нешта се променети од моето доаѓање во МРФ во 2006 година. Се она што беше дефинирано како проблем и недостаток од минатото се отстрани. На пример, бројот на регистрираните рекреативните риболовци во Македонија кој пред моето доаѓање беше едвај 3500 се покачи на над 10.000. Многу малверздации кои се правеа во друштвата со издавањето на дозволите и затајувањето на дел од нив, со воведувањето на комјутерскиот регистар и легитимациите се оневозможија (или се намалија можностите за малверзации). (Ова е за посебна тема.) Првото писмо кое го добив како претседател на МРФ беше опомена од секретаријатот на МРФ со која не опоменуваат дека ќе не исклучат затоа што не е платена членарината. Ние сеуште сме членки на ЦИПС под уставното име иако имаше (и сеуште има) силни притисоци за промена на името. МРФ пред моето доаѓање беше во своевиден финансиски хаос. Многу друштва должеа, основано или неосновано на МРФ. Имаше неразумни и несватливи односи со друштвата, мислам на финансиски. Сето тоа се реши и се стави ред во работењето на МРФ. Во 2007 и 2008 МРФ изврши вистински порибувања на риболовните води во Македонија. За прв пат бевме организатори на меѓународен натпревар „Јадранско - Дунавска Лига - Балканско Првенство“. Учествувавме на повеќе меѓународни натпревари (светски, европски балкански првенства). Се формира Комисија за заштита и Државна риболовна контрола.
Секако дека не е се сјајно. Дека уште многу нешта треба да се направат, но тоа не може да го прави претседателот сам. Вратите на МРФ се отворени за сите луѓе од акција, за сите оние кои вистина сакаат нешто да допринесат и имаат конкретна идеја.

3. Тоа што сум го направил за рекреативните риболовци ќе оставам тиа сами да го кажат. Не би сакал да излезе дека се фалам, но на моја иницијатива и лична заложба многу води во Македонија се порибени. Сам и лично порибив навистина многу. Што мислите од каде пастрмка во Вардар и Треска во волкави количини? Дојде сама? Во некоја друга прилика ќе имате прилика да ги видите сите порибувања направени по моја иницијатива во фото и видео албум.

Ицо се надевам дека сега за сега си задоволен со одговорот.
Поздрав.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum