Интересна тема за полемика. Но не е едноставна, едносмерна и не може буквално да се одговори. Не е во прашање филозофија или идеологија, во прашање е поголем спектар на поврзани системски, групни и индивидуални работи. Има неколку веќе поставени теми, тесно поврзани со оваа на Борис.
Погледнете каква е состојбата во светот. Рибарството е составен дел од општественото живеење скоро на секоја земја на планетава. Стопански, рекреативен, спортски риболов е исто така скоро секаде присутен. Секаде е констатирано дека целава работа е загрозена, бидејќи одењето по патот на профитот и задоволствата, начната е и оваа исконска од предисторија појава. Скоро секаде е присутен некаков дисбаланс во недостаток на риба или пак (поретко) инвазиони појави на штетни врсти. Некои тоа го сватија благовремено и воспоставија системски решенија кои одат кон заштита на природните текови на рибарството.
Поконкретно. Дали некој концесионер (во нашиот случај) е успешен или не, зависи многу и од рамките кои ги скроила државата со обидите за регулирање на правата и обврските (Закони, риболовни основи, организациона поставеност-МРФ, здруженија, индивидуалци). Од друга страна се самите концесионери и сите ние, рекреативци, спортисти и сл.
Веројатно и нашево министерство ќе влезе во фаза на оценување. Од таму ќе произлезат многу показатели кои пак ќе се искористат за промени и подобрувања. Вообичаено Законите треба да бидат адаптирани на состојбите, можностите и условите.
Сега да се спроведе еден проект кој би бил многу близок до темава од Борис, може да се претпостави какви показатели би добиле. Овде читаме што мислат риболовците(па наш е и Форумов, нели?). Па надворешните експерти кои би го реализирале проектов би ги третирале и концесионерите, државните одговорни органи и тела, здруженијата и сите нас. Финалниот извештај од целата работа би содржел анализа и оценки за рибни фондови, капацитети, работењето на концесионери, организациони поставености и најверојатно би содржел и дел со препораки за подобрувања.
На сите ни е јасно дека не е розова состојбата. Има проблеми. но на овој степен на развој сепак се прават обиди некако да се држи работава под контрола.
Читам постови кога немало ваков систем на концесионерства, имало повеќе риба. Логички е да заклучам дека со воведување на овој систем, се појавиле проблеми во насока на намалување на рибниот фонд. Ова е само еден пример.
Да не оптеретувам. Под насловот на темава подразбирам да дадам оценка, мислење, кој концесионер си ги извршува обврските за контрола и заштита, а притоа да не навлегувам во дрското црпење на риба од истиот тој концесионер. Значи, каде има контроли за НАС, за рибокрадците?
Ако е така, на пример, Црн Дрим - Лабуништа војна водеа за заштита од рибокрадци и видовме како заврши таа приказна.
Брегалница, па и коли им палеа и наместо да им мафтаме во кафезот на пироманиве, тие пак си "работат".
Приметно е дека големите како Јасен, Дојран, Тиквешко, некако повеќе обрнуваат внимание на правото да црпат риба отколку на исполнување на обврските. Да заклучам. Темава е прекрасна од аспект, ние, директните учесници да дадеме мислење и можеби некој кој може да влијае и превземе нешто да го земе во предвид доброто или лошото работење.
Јас лично не сум задоволен од ниту еден концесионер во нивното комплетно работење. Не секаде по нивна вина.
Ми се допаѓаат обидите (за кои само читам, а не сум директен учесник) на многу концесионери.
Најдобар чувар на сопствениот ревир е Црничани, па Тиквешко, па .... Тие најуспешно се одбраниле од надворешниот непријател. Ама??? _________________ CARPE DIEM
|