www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Дек 26, 2024 2:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1415161718ELLIPSIS96»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:31 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
DA SI JA TRGNETE shum alooooo ne se pravete budali ne sme nle ovci za strizenje....
da se napravi vip toa vi zborime sto ni prodavate muda za bubrezi u p.m

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:34 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
како тргнало со цениве, поарно човек да остаи настрана некој денар, да продаде и трски и све, ем ќе си заштеди пари, ем без нервози и расправии со локални шерифи-концесионери и остала багра :x


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:36 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Oкт 08, 2011 8:05 pm
МислењаCOLON29
pa drugar na toa se ode sto pomalku ribolovci tao povekje ribokradci.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:37 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Васил, гледаш дека овде постои голем интерес за годишните републички.
Мислам дека после толку млатење ке се најде некој и ке предложи да се тргне Шум од ревири и да биде како и да биде.
Ако малку фатите логика, и завршите со езерава до април-мај....верувај ке има многу републички на конто!
Нека концесионерите си напраат еден фин 'market research' и тергетираaт тип на риболов што ке понудат па врз основа на тоа да се дојде до цена.
Сепак тие се бизнисмени! Гледаш како Емил фино си израчунал све :D ...мислам ке ме сфатиш!

_________________
CT Asterix & Obelix


Последна промена од 2 на Spaiva, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:42 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
problemot e sto mislat ,ovie od ribar se sobrale i prodavaat muda za bubrezi,,KATASROFALNA GRESKA,,.od nivna strana,,

da ima drustva ama neka vidat dali clenstvoto gi saka tie edni isti 30 godini sto gi vodat drustvata,,

se procitav i realno kolegi od ovaa tema stvarno glava boli,,ne se zmarajte nema da dobiete odgovbor sto ocekuvate ,,,

ova godinA ke teraaat kako znaat ke im gi sobereme rezultatite za se sraboteno, a od drugata ke bide se ke bide poinaku,,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:46 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
Море ке му текне брзо на некој да земе едно од езерцана у градски парк и оп, концесија па високоатрактивна зона и то, и цена 10.000 денари дозвола :?:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 1:51 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
emil.matoski НапишиCOLON
Nemam namera da se prepukuvam so nikogo ovde.
Nitu sum imal namera da zarabotam pari licno za mene od ribolovot, nitu toa go pravam za da imam poln frizider ribi. RIBOLOVOT ZA MENE E HOBI KAKO I ZA VAS. Mislam deka mozam da dadam doprinos za podobruvanje na sostojbite i zrtvuvam vreme i pari i se drugo za taa cel.
Sakav da vi gi dolovam, spored mene, realnite momenti na koncesionerite koga e vo prasanje drzavnata dozvola zatoa sto vie pobaravte.
Sostojbite vo RM za ribolovcite se poveke od losi, ama vo nikoj slucaj nema da se resat ako samo se baraat vinovnici. Sekoj treba da dade pridones za resavanje na problemite. Pridonesot mora da bide konkreten, a ne samo naoganje zabeleski bez idei za podobruvanje. Ako jas nesto napravam podobro od nekogo samo togas mozam da go obvinam.
emil bidi realen brat pa nie ne lovime zlatni ribi pa da imame najskapa dozvola vo eu .
fakt e deka shum e ubacen za biznis .

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 2:01 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Абе тотално им е утнат планот.
По која логика толкава цена од 12К???
Неможе бре така, се оди на пониска цена и достапна за секого за да има повеќе републички на конто.
Најлесно е опни цена и решени се работиве. Ама баш најлесно.
И после биле по 10-тина само годишно извадени. :lol:

Се додека е цената на републичката над 3000ден. НИКОЈ НЕМА ДА ИЗВАДИ!!!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 2:47 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
saso НапишиCOLON
Kako Zdruzenie Ribar 2011 spremame dopis do Ministerot i nadleznite organi so molba realno da razmislat i napravat procenka spored realnata sostojba ( citaj besparica ) godisnata republicka dozvola da bide pod 5.000 denari.

Seto toa ke izgleda vaka

До:

- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – г-дин Љупчо Димов и

- Замeник- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – г-дин Зоран Коњановски



Почитувани,

Во името на риболовното здружение Рибар 2011, но и во името на голем број загрижени риболовци од цела Македонија, кои својата загриженост и револт го искажуваат на најголемиот сајт и форум за риболов во Македонија http://www.ribar.com.mk апелираме до Вас.

Имено, пред извесно време на веб сајтот на Македонска Риболовна Федерација се појавија цените на дозволите за риболов на концесионерите кои веќе добија концесија за дел од риболовните ревири во Македонија.

Притоа, особено забележителни се цените на Рекреативна зона – Вештачка акумулација – Езеро Шум, што е релативно непознато риболовно подрачје, чиј концесионер е Ред “Езеро 2010“ с.Шум – Струга, кои ставиле енормни цени како нивни дозволи за рекреативен риболов кои отскокнуваат од сите останати и тоа, дневна дозвола 500 денари, седумдневна 1000 денари, петнаесетдневна 1500 денари и годишна дозвола 6000 денари. Дали е ова некаква тенденција, скриена намера, или нешто друго нејќеме да навлегуваме.

Како и да е, ваквите цени, посебно на годишната дозвола од 6000 денари ги вознемири љубителите на спортскиот риболов од цела Македонија, затоа што висината на државната годишна дозвола која Вие како Министерство ќе ја издавате, а која треба да важи за сите води во Македонија според ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА – (член 51) се одредува како дупло зголемена од највисоката годишна дозвола која некој концесионер ја поставил за својот ревир. Во овој случај, годишната дозвола за сите води во Македонија треба да биде 12.000 денари.

Извадок на двата члена од законот кој ја регулираат оваа област:

Член 50
(дозвола за рекреативен риболов)

Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов.
Дозволата за рекреативен риболов може да биде:
- годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола,
- годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона,
- петнаесетдневна,
- седумдневна и
- еднодневна.
Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
По исклучок на став 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани.
Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот.
Формата и содржината на образецот на дозволата и образацот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Член 51
(надомест за издавање на дозволите за рекреативен риболов)

За издавање на дозволата за рекреативен риболов од член 50 став 2 се определува надоместок.
Надоместокот за издавање на државната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 1 од овој закон со решение на годишно ниво го определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надоместокот е во висина на највисокиот определен надоместок за идавање на годишната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 2 на овој закон зголемена за два пати.
Висината на надоместокот за издадената дозвола од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 на годишно ниво ја определуваат концесинерите на риби по предходно добиена согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Да потсетиме дека годишната дозвола за сите води во Македонија во изминатите години била со цена од 6000 и 5000 денари и наместо да се намалува како што бараат риболовците, таа сега би требало да се зголеми на 12.000 денари.

Воедно да потсетиме дека во дел од нашите околни земји во кои има води со многу поголем рибен фонд (Грција, Бугарија, Србија), оваа годишна дозвола или воопшто не постои, или е многу помала и се движи околу 50 евра, или 3000 денари. Во случајот на Македонија веќе е насобран голем револт кај риболовците, пред се поради долгогодишните состојби со немањето на концесии, пустошењето од рибокрадците, осиромашувањето на рибниот фонд, кој револт дополнително се зголемува после излегувањето на оваа информација за државната годишна дозвола во Македонија.

Замолуваме на трезвеност и соодветна реакција, затоа што револтот и негативната енергија кај граѓаните, освен кон институциите кои се задолжени да ги застапуваат риболовците (МРФ) се насочува и кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Не сакајќи да се мешаме во политиките на концесионерот на езерото Шум и во цените кои тој ги одредил, бараме од Вас промена на одредбите на законот со кој се регулира начинот на утврдување на висината на цената на државната годишна дозвола, или превземање на други мерки со кои нема да се дозволи државната годишна дозвола во Македонија да биде 12.000 денари. Воедно апелираме дека доколку не се промени нешто во законот, тогаш на некој од идните концесионери може да им текне за својот риболовен ревир да постават и повисока годишна дозвола од 6000 денари, пример 10.000 денари, ....во тој случај државната годишна дозвола во Македонија би се подигнала на 20.000 денари.

Како предлог за начин на одредување на државната риболовна годишна дозвола во Македонија, може да Ви сугерираме регулирање преку нејзино поврзување со просечната нето плата во Република Македонија, односно висината на државната риболовна годишна дозвола во Македонија да биде 20% од просечната нето плата во Република Македонија од претходната година. Секако, било каков друг предлог со кој се менува методологијата на пресметување на годишната државна риболовна дозвола во Македонија е добредојден, се во насока на намалување на истата под 5000 денари, а во никој случај нејзино зголемување.


Со почит,
ЗРСРК РИБАР 2011


Имајќи во предвид дека во основа се бара измена и дополна на Законот за рибарство и аквакултура тука би било упатно да се додадат и другите предлози за измена и дополна, особено измената на член 49, во кој се предвидува 30% од вредноста на легитимацијата да се уплаќа во Буџет на РМ. Тоа да се промени и 30% од цената на легитимацијата да се намени за ПОРИБУВАЊЕ. Со тоа МРФ да се обврзе да врши порибување на риболовните води во Македонија.
Ваквата иницијатива ќе ја поддржам во секој случај.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 13, 2012 9:09 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
emil.matoski НапишиCOLON
1. Cenata na drzavnata dozvola nema nikakva vrska so MRF i mislam deka razgovorov treba da se prefrli vo druga tema.
MRF bez razlika dali ribolovecot ke si uplati drzavna, regionalna ili dozvola za samo eden revir, ke si naplati legitimacija i nema nisto so cenite na dozvolite. Eden ribolovec - edna legitimacija i toa e zavrsena rabota za MRF.
Погрешен пристап. МРФ постои за да ни ги брани интересите, а не само да си земе пари за легитимацијата и да си сврти капа. Според законот (цитиран неколку страни претходно) МРФ се финансира и од дравните дозволи???)
emil.matoski НапишиCOLON
2. Sekoj koncesioner ima potreba od minimum 6 000 eura godisno za da gi ispolni svoite zakonski obvrski. I toa so samo eden vraboten ribocuvar i se drugo da bide na volonterska baza.....

....Site Zdruzenija sto imaat koncesii na eden revir imaat okolu 200 - 400 aktivni lokalni ribolovci, a trosocite im se kako sto navedov gore. Vardar, Babuna i nekoi drugi sto imaat poveke clenovi imaat koncesii na poveke reviri, a so samoto toa x2, x3, ... od trosocite navedeni pogore, i plus vraboten za da gi vodi administrativnite raboti ( veke ne moze volonterski neli? )
Емил пријателе, ти си понудил 50.000 за порибување, секоја чест, ама Вардар и Бабуна редовно имаат дури по еден рибочувар за сите нивните води, а како за пример, Вардар концесиите ги доби со понудени фантастични 5000 денари за порибување.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1415161718ELLIPSIS96»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum