www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
НАТПРЕВАРИ 2013 http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=2758 |
Страна 1 oд 17 |
АвторCOLON | Предраг [Сре Oкт 10, 2012 9:02 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | НАТПРЕВАРИ 2013 |
Отварам една нова тема за Натпревари 2013 година каде што ќе можеме на некој начин сите ние да бидеме запознаени а воедно и да помогнеме да натпреварите кој ќе се одвиваат во наредната 2013 година во Р.Македонија. Овде може - Црн Дрим да стави во кој период од наредната година има план да го направи Купот на Глобочица, - Мак Дам (препорака) да се врати со организирање на Меморијалниот куп Игор Пешевски Тпе, - Рибар 2011 во кој период ќе направи Куп на Подлес, - Лигата 2013 трите кола и + Државниот Куп 2013 - други купови од типот кој имаше намера да го направи Пепи оваа година |
АвторCOLON | Филип [Сре Oкт 10, 2012 9:32 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
Еве еден во најава, ако се уште авторот планира да ја оствари намерата viewtopic.php?f=63&t=2571 |
АвторCOLON | ico baits [Сре Oкт 10, 2012 9:44 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
potvrdeno od nema da bide kup, nego majstorka poz |
АвторCOLON | Spaiva [Сре Oкт 10, 2012 11:06 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
Требаат многу вакви настани, зависно од периодот во годината. Сега да имаше еден наш домашен (на добра комерција што ја немаме) ке беше супер за крај на сезоната. После Глобочица каде се одржува на дива вода, ке беше еден Аквариум како шлаг на торта. Подлес е одличен во период од Април-Јуни и ке се организира дефинитвно следната год. Повик до сите влијателни и кадарни да се потрудат за истово. Јас и компањонов мој Тафта се пријавуваме за сите. |
АвторCOLON | ico baits [Сре Oкт 10, 2012 11:09 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
ne treba komercijala, ima vodi Za lovenje kolku sakas, treba volja. |
АвторCOLON | Spaiva [Сре Oкт 10, 2012 11:31 am ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 | |
ne treba komercijala, ima vodi Za lovenje kolku sakas, treba volja.
Не треба, ама сепак како што кажав еден Аквариум ке дојдеше (бар за мене) многу и мотивирачкии како едно друго различно искуство. Тука сам ке си направев компарација и ке дојдев до доста одговори. |
АвторCOLON | ico baits [Сре Oкт 10, 2012 11:41 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
da za edukacija si u pravo.. jas znam pola clenovi na forumot sto od akvarim naucija mnogu raboti, no sepak iskustvoto na diva voda e nezmenlivo koe se vikaq prav krapski ribolov,, zatoa ne treba das se propusta nisto so nasive reki i ezera, tamu samo dobivas ne gubis.. mora sekoj krpadgi da go oseti onoj sens deka krapot e riba sto se ceka, deka treba vreme treba razmisluvanje i deka e riba sto treba da ja izlazes.. vo toj pogled ako eden ribolovec vo negovata pocetna kariera go pocituva seto ova pogore brzo ke dojde do dobro iskustvo.. najprost primer,, diva voda,, ni smeta jug, ni smeta mesecina, ni smeta toplina, ni smetaat galami i uste 1000 drugi pricini za da fatime krap.. e sega na komercijali nisto ne smeta i zatoa nema iskustvo.. |
АвторCOLON | Spaiva [Сре Oкт 10, 2012 11:48 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
Е зајак, Англичаните копнеат по диви води... Ние ги имаме на претек ама сепак паралелата е сосема друга. Јас добив респект за дива вода после 3 посети на Глобочица и 1 на Вардар. Тоа е посебно, те тера да мислиш и работиш и соживееш. Сам со себе си зборам додека ловам на дива вода. Ама сепак, си треба едно комерцијаличе кај нас здраво и квалитетно. Аквариум ке беше идеален за натпревари, блиску и доста солиден за напредок. |
АвторCOLON | ico baits [Сре Oкт 10, 2012 11:52 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
da za napredok da , da se sobereme da smenime iskustva i da vidat nekoj u zivo kako se montira boila,, kako ohridgani vo 2005 god za toa sekoja cest i jas sum za ,, ama ova premalku vreme sto go imam, ne bio go potrosil na komercijala nikogas,, eve edna statisstika moja. jas nikogas na akvarium ne sum otisol da fakam riba ako ne bilo natprevar,, moze ednas ama ne se sekavam.. |
АвторCOLON | marks [Сре Oкт 10, 2012 9:10 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: НАТПРЕВАРИ 2013 |
Еве една идеја за која со никого не сум разговарал до сега. Бидејќи учеството на СП во Португалија изгледа како преголем залак за сите, на пласираните за истото Првенство како алтернатива (доколку не се обезбедат средства за светското) да им се овозможи посета со рекреативна сесија или уште подобро учество на натпревар на езерото на кое во 2014 година во БИХ би било следното светско првенство. Како најдобро пласирани во лигата во 2013 година(значи и со најголеми шанси да успеат да завршат како најдобри и во 2014 година) доколку не се реализира учеството во Португалија (пазете сега) Лигата би продолжила во 2014 година со старт со резултатите од 2013 година. На крајот би се сумирале резултатите од ДВОГОДИШНАТА лига и најдобрите би учествувале на предвиденото СП во БИХ. Што се добива со ова? Прво би имале лига во 2013 година од која најдобрите (доколку не се оди во Португалија) би имале награда со учество на меѓународен натпревар или во најмала рака риболов на ревир во БИХ, планиран за СП. Второ, би добиле практични информации, сознанија и искуства од прва рака за ревирот планиран за домаќин на СП во 2014 година. Трето, би имале континуитет на натпреварувачки активности, без прекини, со задоволување на најдобро пласираните и одредена сатисфакција ако не се реализира одење во Португалија. Знам дека ова не значи дека најдобрите во 2013 година ќе бидат и на крајот најдобри но оние кои ќе одат во БИХ во 2013 година ќе донесат и споделат сознанија за езерото и рибата и ловењето. Сето ова ми дојде како размислување после одредени разговори и претпоставки дека постојат реални можности, заради големите трошоци, Португалија 2013 година да не се реализира. Исто така, скоро секогаш, наши аргументи за одредени неуспеси биле непознавањето на водата на СП. Ова е начин да се исполни и тоа, а и да се задржи нивото на мотивација за учество во лига натпреварувањата. Без никакви намери за лични амбиции и зачинување на нашето крапско котле, само како размислување за една ваква алтернатива, со цел да биде подобро и поисполнето. |
Страна 1 oд 17 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |