Никој не се жали. Секаде има добри и лоши позиции. На крајот, ако го прочиташ езерото и погодиш мамец и тактика, нема да ти треба толку голем ксмет во рачето. Е тоа е предизвикот за оваа година за мене, верувам и за Диме, Гоце, Кајстор, Мартин, Максим и остали (за вас) кукумавки.
Предизвикот и еланот што ги имав лани морам да бидам искрен не се ни приближно толку високи како оваа година.
Не дека сум се разочарал, туку едноставно така мислам дека треба.
Со оглед на тоа дека купот пред лига би се организирал во Април, со сигурност ќе го скокнам поради многу оправдани и нормално побитни работи од риболовот, останува да за лигата си направам преостор и комоција за да бидам од почеток до крај.
Ќе влезам релаксиран, нез некакви очекувања и престижот е на ниско ниво.
Значи, психолошки најзрело.
Додека за посветеност, работа, стратегија - пред и за време на лигата тука ќе дадам 100%.
Со опрема не сум спремен за во лига, а камоли за светско и некоја посебна инвестиција немам намера да направам.
Си имам свои причини и поради сето ова погоре не се осеќам за никаков frontrunner (или некаков фаворит)за првите места.
Здравје има време, овојпат најбитно ми е да учествувам и секако доколку се укаже шанса и се погодат околностите ќе ги зграбам без размислување.
Значи Професоре...Предизвик ми е да отпецам смирено, сталожено, со толку колку среќата ќе даде и моето(нашето) скромно познавање.