Za da fakas na 140 mora da izmarkiras.inaku dzabe e frlanjeto.bez marker nemozes da fakas i nesi gi pokril site situacii.
Po mene treba toa da se isfrli zosto veruvam nieden kaj nas nema da frli marker na 140
Се сложувам потполно.
Критериум е успех, резултат. Тој се мери со извадена риба, дали на 140+ или на 20 м. никој не те прашува. Дека е потребен како квалитет, потребен е, но да биде елиминаторски, не би се сложил.
Прво ова, само со олово воопшто не корелира со конкретните потреби (маркирање, нон-стоп прихранување, ловење не се само со олово). Со овој критериум можеме да дојдеме во ситуација да отпаднат многу искусни, квалитетни натпреварувачи кои веќе покажале успеси и се докажале со знаење и резултати.
Второ, изгласан е предлогот капитенот да ја одбере резервната екипа (иако со тоа се повредува 4-то пласираниот во Лигата и со резерва сум за тоа). Веројатно токму тоа е мотивот за ваква одлука, според потребите и ревирот каде се лови да се земат во предвид и квалитетите на таа екипа, па евентуално да влезе во игра, заради повисоки интереси.
Трето, се вративме од Италија ете малку разочарани и сега ај да бараме критериуми како да секое СП ќе се одржува во Италија. Потполно се сложувам со Ицо, Јане, Пепи, Мики дека треба знаење, среќа и способности за добар резултат.
Јас лично немам проблем со овој критериум, но да биде одлучувачки не е добро решение. Сепак постои друга дисциплина за оваа работа.