Јас и Раде сме доста уедначени што се однесува до опремата и ситниот припор па и мамците кога се лови крап.
Значи од конци прво и второ коло, јас шимано техниум трибал-0.30,Раде истиот само 0.35
.А трето коло во кршот на 11 позиција со шимано сурфлине 0.40,кој
се покажал како извонреден конец за треви и разни подводни стебла и кршови.Кинење на конец 0.Ако не го рачунам намерното кинење од моја страна кога имавме на трска огромен крап ,а влезе во треви и немаше шанси да се извлече па да не го мачиме го скинавме конецот.
Од јадици овнер и гамакатцу снагер,никогаш ама никогаш не сме ловеле со помала од 4-ка(не го рачунам зиг-ригот),дури второ коло на два параболика имавме и 2-ка и на кој имавме една извадена риба 5+кг и едно откачување(вероватно распукана уста од предходни закачувања).
Вкупно земено однос закачени риби и реализација ни беше околу 65%,а откачувањата за неокои риби просто нејасни.Само една риба ми се откачи заради неправилно врзан чвор(и тоа се случува кога си во цајтнот и под адреналин).
Од мамци не можам да кажам дека на некоја боила имаше по чести удари.Широка лепеза на боили(16мм) од овошни,меснати,па и на пченка.На зиг-риг една реализација 1,200кг
Единствено во второ коло имавме 4 удари на sweet shrimps и тоа последниот ден.Затоа пак во трето нејќеше да пипне на неа.
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.