На Гогомонт не собира повеќе од 7-8 екипи. Ептен е мало. Според некои најави (ако се биде во ред) на Истатов се предвидува засилено порибување и со амур и со крап. Така да со потолна смелост можам да претпоставам (иако нема правила) дека извештаите по завршувањето на лигата барем за ова езеро би биле со најмалку дупло повеќе улов од овогодишните.
Ако се пријават 6,7-8 екипи и Гогомонт е примамлив.
Вака сега. Додека не се направи добра комерцијална вода како Пелагичево и сличните, немаме ниту право ниту можности да бараме улови по 200 кгр од еден натпревар по екипа.
Ако има пари треба најмалку работа. Идеално е Велешко некој да го пориби со едно 50 тона крап (колу 100.000 евра), па можат 40 екипи да се надеваат на резултат од 200 кгр по коло. Ама тој крап треба и да се сочува.
Инаку каде?
Охрид, Преспа, Дојран, Тиквешко, Мантово, Турија, Водоча, Калиманци, Берово, Козјак????