Краток осврт од мене за долго очекуваната и најавувана дружба во организација на Рибар 2011 - Мавровица 2016-та.
Најпрвин голем
на дечките кои се виновници за овој спектакал да помине во најдобар ред Крсте-= крки, Гоце-тафта, Диме-спаива и Филип- кременадла и уште еднаш
Изорганизирано максимално во секој поглед. Дружба за паметење и дружба која никогаш нема да се заборави, едноставно оние кои неможеа да учествуваат може само да им биде криво.
Голема блегодарност и на двете екипи кои дојдоа од Бугарија, едната позната нашиот помагател кога е во прашање крапскиот риболов г-дин Васил со колегата кој не удостои да присуствува како на првиот натпревар на Црничани така и оваа година господинот Јордан. Втората екипа која посемно ми направи чест да ловам бокс до бокс со сребрените од светското во Романија, репрезентативци со кој сме биле на светското во Англија и Италија и човекот со најдобра кастинг техника Људмил.
Едноставно несебично ни презентираше за кастинг техника која ќе ја снимив и имам видео клип па подоцна ќе видите за техникава и човеков.
Времето, периодот, активноста или неактивноста, 23 екипи распалија со ракети и спомбови, избегана или исплашена риба, крап кој се превртува на површина а не слегува да јаде, домашна екипа која имаше една од најдобрите по мене фаворизирана позиција 13 едвај една риба, 23-ка и екипа која е и те како искусна и знае останата без улов е тема и дилема што се случува гога ќе има инвазија од екипи и рболовци на една вода.
И да се сложувам со кажаното дека победници се СИТЕ кој допринесоа оваа дружба да помине во најдобар ред. Секако новите натпреварувачи осетија што значи натпревар, што значи адреналин на уловена но и на изгубена риба и дај боже да имаме што повеќе овакви дружби каде најпрво се стекнуваат нови пријателства и се среќаваме со нови луѓе.
Подоцна слики.
п.с. да не заборавам да ја напоменам несебичноста на големиот човек господин Милчо која остана да лови една вечер сам, успеа да направи резулат, се дружеше и на крај помагаше за вадење на колите од калта. Милчо пријателе стар
секоја чест