После малце одмор во кревет еве не со импресиите од завршното трето коло. Се на се помина во прекрасна и напната атмосвера кој што ќе улови и на кое место ќе заврши. Јас изгубив вечера ( се кладев дека за овие 72 часа ќе се извадат над 300кг риба но колегите крапџии работеа против мене па наместо да ја достигнеме оваа бројка тие ја пуштаа рибата кој пред кепче, кој во тревите, кој ставаше мали јадички, кој ловеше со тенки конци се со намера за што повеќе изгубени риби
) Конечните резултати ќе ги објавиме подоцна но фактот е дека се извади некој си 130кг риба
со примероци од 4,5,6кг. а најголема риба 6,66 која ја уловија Раде и Мики
Она што ме радуваше е дека СЕ помина во најдобар ред а посебно ме радува што некои екипи осетија што значи комшија до теба и колку може да влијае на твојот резултат
Судиите беа коректни и се функционираше во најдобар ред а за извештаите од мерењата во 12 часот на полноќ што не ги добивавме Тафта ќе ви каже дека движењета ноќе по патеката од кај шумата е страшно.
Нашата екипа го освои првото место на ова трето коло НО морам да Ви признаам дека многу поголема и позаслужена ќе ми беше победа доколку на единица имаше екипа која ќе ловеше
но тоа е тоа екипите од Охрид не дојдоа на ова трето коло (причината чекам да ја добиеме официјално). И после три години ливење на лига на ова езеро и после два одржани купа моето мислење беше дека фаворит позиции ќе бидат 9-ка, 10-ка а ни на крај на памет дека 13-ка ќе заврши вака. За дечките кој ловеа на 13-ка можам само да им честитам
и да им се
за одлуката да се лови внатре во треви и да се постигне овој резулат. кога ги гледавме како работеа коментарите со Јане ни беа храбро и ризично решение да се лови на оваа позиција.
Колегите од спротивниот бокс на нас (тафта, спаива и ховиц) осетија што е адреналин на големи риби, што е да се има нешто што те крева горе да бидеш прв (да се закитиш со злато во конечната генарална листа) а да го изгубиш во тревка покрај брег или багрем каде што секоја уловена риба стреми да побегне.
Во секој случај им честитам на СИТЕ не само на победниците што допринесоа да се одржи и да се доведе до крај оваа лига 2014-та. има доста да се збори чаде згречивме што ако одлучевме порано на оваа тактика, что ако имавме повеќе храна или пак что ако не фрлевме толкава количина на храна,....
следуваат слики
и резулати.