Многу интересна оваа картава на таблава на Суки, со измерени, исондирани длабочинии изохипси. Малтене сондирање на тацна. Второ коло почнува за два дена, а актериве ги нема никаде. Или дебело спремаат или помешале датуми.
Импонира Лигата во соседна Србија и малиот улов и примероци. Пак Бојан (ксметлија???).
Значи, ние на Суки имаме подобар улов, ревир со риби и веројатно повеќе работа, а и одговараат и далечините за ловење како и на Ада Циганлија. Е сега, тие се на местото на злосторот, но добивката останува само на ниво на познавање на теренот. Сепак мислам дека, за потребите на нивната Лига, порибено е со многу мала количина ситен крап, а дека во Септември ќе се пориби со многу поголеми количини. Но о том-потом.
Ајде лигаши, Второто коло е пресвртница и мислам дека е најважно. После него веројатно ќе почне да се расчистува на табелата.
Бистро на сите.
ПС
Преспав, Второ коло, што позиција посакувате, таква ќе Ви падне.