www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 4:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2728293031ELLIPSIS45»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 1:05 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
mario.p НапишиCOLON
marks НапишиCOLON
Не знам дали е бодувањето секторски.
boduvanjeto mislam ne e sektorski samo poziciite
Кое фајде тогаш од сектори
Повторно нема да биде реално бодувањето
Ем немаат сите исти услови ем сите во исто купче
Повторно фактор среќа ке биде пресуден


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 1:12 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Да нема забуни, жолтиот картон на екипата Дрим Мејкерс им е одземен после консултација на судиите.
Така да кај нив нема жолт картон. Информацијата што ја поставив како што пишав погоре беше непотврдена, така да се извинувам.

Одлично 1-во коло. Екипите добро се запознаа со езерото и сигурен сум мнооогу поспремени и по полетно ќе влезат во другите 2 кола.

Следува жустра борба и многу повеќе улов во 2-ро, а особено во 3-то коло.

Им честитаме на сите уште еднаш и БИСТРО. Сите се победници!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 1:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Bobi_Brada НапишиCOLON
mario.p НапишиCOLON
marks НапишиCOLON
Не знам дали е бодувањето секторски.
boduvanjeto mislam ne e sektorski samo poziciite
Кое фајде тогаш од сектори
Повторно нема да биде реално бодувањето
Ем немаат сите исти услови ем сите во исто купче
Повторно фактор среќа ке биде пресуден
Боби, Боби...сектори не се прават само за бодување. Сектори се прават и за рамноправни услови и за токму тоа да среќата не решава.

Ај да кажеме CO2 повторно во 2-ро коло пецаат на поз.9??? Или пак на поз.1???

Има позиции на секоја вода на планатева што работат повеќе од било кои други во секое време и тоа е природно правило.

Затоа секторите се да секој во 3 кола фаќа на 3 места каде работи рибата

1. Добро
2. Солидно
3. Слабо

Ако ме сфати, ок, ако не тоа е тоа!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 4:58 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Честитки за Победниците. Честитки и за сите учесници.
Стартот е секогаш важен но не е одлучувачки. Повеќе влијае на самодовербата и мотивацијата т.е. има време во Второ и Трето коло работите да се сменат скроз наопаку. Но, сепак е предност.
Второ и Трето коло, убеден сум ќе биде сосема друга претстава и тоа во сите сектори.
Затоа, далеку е од готово.
Единствена дамка е мрестот, но секако не по вина на организаторот или учесниците. Мрестот е природна работа и нема многу можности точно да се предвиди. Тоа и те како се одрази на уловот и активноста на рибата.
Затоа, нема опуштање, играме до крај.
ПС
Убаво би било и некои од учесниците да раскажат нешто, но нека се приберат дома, нека одморат, па ќе читаме.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 5:34 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Mene ova mi lici na sosema ok prvo kolo od ligata.
Normalno e deka ne moze da se predvidi mrestot no i pokraj toa ulovot ne izostanal.
Mislam deka vtoro i treto kolo ke bidat mnogu interesni.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 20, 2018 10:07 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Се на се , интересно коло со промени на табела и неизвесно до крај . Езерото располага со крупни риби и разлика и од 30 - 40 кила лесно е достижна . Спремајте се за второ коло , мрестот ке заврши . Ке има повеке акција ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 21, 2018 9:30 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Еве заврши првото коло од крапската лига 2018 на езерото Суки, езеро за кое имав слушано но никогаш немав ловено. Некој од учесниците го знае езерото имаа ловено претходно кој на некој натпревар кој на слободен риболов а некој се запознавме за прв пат со оваа интересна вода.

Најпрвин колегите од крапската секција ја имаа (по мене) одлично замислена и организирано секторското ловење како и исфрлувањето на фаворитските позиции и на овој начин секоја позиција е во игра до последниот свиреж на судијата.
Езерото е со голема популација на риба кое очигледно се гледаше затоа што крапот беше во мрест и бевме сведоци на неговите љубовни авантори за целиот натпреар. Натпреварот се одржа во одлична атмосвера без никаков инцидент или проблем.
Е сега секоја позиција како секоја екипа која ловеше и ќе лови во следните кола си е приказна за себе, секој некаде ќе згреши, ќе избрза, ќе утне, па на крај останува со надеж дека следниот пат нема да има грешки или некоја помала. Крапот слабо работеше по некој на некоја позиција но амурот во ова прво коло имаше главна улога. Скоро на секоја позиција се извади (или се откачи-скина) некој амур кој со килажа и те како ја менуваат табелата.
На нашата позиција која никако не е лоша (впрочем лоша позиција и нема) крупен примерок на крап немавме но затоа имавме малумерни крапчиња како и примероци од помалата популација до 2кг. Она што е добро е што на ова езеро ловењето со техниката зиг-риг е можна на сите позиции без разлика на која длабочина се лови (ова секоја екипа си одлучува) а никоја позиција нема длабочина испод 3 метри. Сите фрлаа со ракети, прашкасти, пелети, фрчеа боили, се фрлаа и кинеа зигови, имаше затишие па удари се во рамките на дозволеното.
Резултатите ги видовте и ги пратевте и ниту една екипа немаше сигурно или драстично одлепување туку само една риба од 1кг па нагоре во последниот свиеж можеше да ја смени табелата. Тоа го прави овој натпревар поинтересен и понеизвесен до самиот крај.
Разочарани нема (секогаш мора да се има последен) но секако дечките кој беа први изработеа 100% и дадоа максимално а тоа е екипата на ЦО2. Ништо не е готово секој има две недели да размисли како ќе оди понатака и коко ќе пристапи но сигурен сум дека ќе има прав натпревар.

Она што посебно ме радува е појавувањето на млади крапџии кој впрочем се и иднината на овој спорт. Тука сакам да ги споменам Стефан третиот натпреварувач кај Мартин и Милче кој влезе како замена и го гледав како работи и каков елан има кај него. Убава ми беше и глетката кога Мартин и Милче му даваат совети како и што треба за попрецизно, за подалеку,.... дечки супер сте. Понатака децата на Нико едниот од старт а другиот го смени Нико, фрлаа со ракета ловеа на зиг, извадија прекрасен тостолобик, прецизни и неуморно чиста петка. Докторот и Ацката од Бадар работеа непрекината и мислам дека фрлија највќе храна, го обоиа езерото од прашкастата ама изгледа не им влезе риба, затоа има поправен во следните кола. Останатаите екипи (некој новоформирани) сите беа упорни и сигурен сум дека ќе бидеме поупорни следниот пат.

Бистро во наредните кола


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 21, 2018 11:41 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Одлично прво коло, неизвесно до последниот свиреж на судиите.

Еден Амур можеше да смени многу работи, една испуштена риба, (која патем не знам дали имаше екипа која не откачи барем по две риби), еден погрешен или правилен потег.

Адреналин до самиот крај, неизвесност, работа. Во еден круг околу езерото иако сите имаат телефони и часовници, скоро десет пати го добив истото прашање "Уште колку има до крај?"

На Цо2 последниот час им се чинеше како вечност, на останатите како 3 минути.

Честитки до сите натпрерварувачи за желбата, упорноста и фер плејот.

За уловите и рибата веќе кажаа останатите па не би сакал да се повторувам.

Мрест си e мрест и тука нема помош.

Слика за езерото веќе стекнаа сите каква таква. Сега е време да се седне и да се направи анализа на сработеното, дали и зошто се направени грешки и како да се корегираат за второ и трето коло.

Дефинитивно едно е сигурно, шансата ќе мора да се искористи, во спротивно резултатот ќе изостане.

Цо2 и Елит карп Тим си ја искористија својата шанса, кога ловиш ви најдобриот сектор мора да си прв или втор ако сакаш да имаш шанси за успех до крај на лигата.

Но ова е само прво коло и сеуште апсолутно сите се со исти шанси.

Според мене, ЗИГот ќе пресуди, врпочем како и ова коло, така и наредните две ,само уште поизразено.

Нешто што мораме да го научиме, нешто што мораме да го практикуваме, ако сакаме да имаме било какви шанси на престојните светски првенства.

Спремајте се за второ коло, не е далеку 7-ми јуни :)

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Последна промена од 1 на Sportex, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 21, 2018 11:55 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 20, 2012 1:45 am
МислењаCOLON1507
Sportex НапишиCOLON
Sportex НапишиCOLON
Navidum izgleda loso za timovite koi se vo C sektor ova kolo, pred se poradi pomalite dlabocini vo toj del, no moe mislenje e deka e podobro sega da se peca vo C sektor odkolku vtoro i pogotovo treto kolo, koga temperaturite bi trebalo da se znacitelno povisoki.

Taka da iako lici kako hendikep na samiot start, sepak mislam deka ovie timovi se vo prednost, zemajki vo obzir deka vtoro i treto kolo ke pecaat vo podlabokite delovi od ezeroto, ako gi isklucime drugite faktori, (koj kako ke izmarkira, izraboti, taktika na prihranuvanje, vreme, i tn.)
Na mene aludiras?

A koj rece deka e naslaba? Citaj go mojot post eve ti go. Ubavo pisuva deka tie so pecaat sega na C se vo prednost sprema drugite iako navidum lici kako hendikep. Ama i ti stana kako drugar ti Trozubac, citas selektivno.
Ne be...sto ti e? :D :D
Sekogas citam do detalj,ama sakam malku da se seguvam na tuga smetka :D :D
Dozvoleno e neli,ama vo odredena mera :D
p.s.
Mnogu si mi nesto napnat,ajde vikenbdov na voda..malku relax masaza

_________________
[ img ]
www.octopus.rs


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 21, 2018 12:21 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Iskreno te smetam za seriozen decko, inaku ne bi gi ni zimal vo obzir tvoite komentari, kako sto ne gi zimam vo obzir komentarite na Hejterite, takanareceni "Facebook Wariors" , koi nisto vo praksa nemaat napraveno ama na tastatura, prvi se.

Sekako deka mala sala ne na odmet, kako sto kaza vo odredena mera, nemam nisto protiv, apsolutno.

Na voda mi se odi, mi se place ama vikendov polnam 48 (za zal) :) pa ne planiram da odam po riba, mozebi sledniot :)

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2728293031ELLIPSIS45»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 30 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum