Никој го нема волшебното стапче во рака. Се повторуваме, а генерално ништо ново не се случува. Не може да очекувате Сергеј да се врати и оп 5-то место на СП.
Релативно е се. Најлоши услови за настап имавме за Франција. Сами со себе, со паштети и лебови, со политички расправии и риби на скинати конци. И завршивме 8-ми. Куриозитет на ова позитивно искуство е сигурноста во сопственото знаење и умеење. Со homemade бојли зајакот најуспешен, а по 500 евра дадоа Зоки пакунг и Предраг за бојли од Месарош и тапа. Се е релативно. Сега и авион и кувари и вили и опреми и мамци и прихрани и тапа.
Во глобала таа е приказната и за дома. Едвај се собраа 12 екипи. Вие сакате квалификации? Битно е да се елиминираат неправилностите и лошите влијанија. Традицијата некојпат е и негативна. Кои се тие состојби и проблеми?
Проблем 1
Не очекувам дека ако Васил Костов продолжи со натпревари (а ќе продолжи после 10.000 евра дадени за опрема) нема да влијае врз се, затоа што е Претседател на МРФ. Не треба да бара од Пешиќ отстапки, Пешиќ сам ќе ги прави кон тој кој плата му потпишува.
Решение = или Васил да даде оставка или независни судии да судат.
Проблем 2
Доста се замижува за составот на Натпреварувачка комисија. Само еден кој директно е поврзан со крапскиот риболов?
Решение = Нека се направат посебни комисии при натпреварувачка кои струковно ќе работат со директно обраќање и предлагање до УО на МРФ. Комисија за крап = 4-5 крапџии, комисија за пливка ....Во Натпреварувачка и нека бидат само 3,4 судии чија задача ќе биде да се грижат да не се повредат правилата.
Проблем 3
Време е Правилникот и Статутот да се средат. Доста со импровизации во насока на сомнителни интереси. Дајте да одлучиме или по старо (првите 4 од лига) или Капитен кој од целокупниот состав на Лигата ќе состави Репрезентација. Кастингот е посебна дисциплина и не треба да биде предуслов. Да ловиш далеку, прецизно и да го издржиш тоа треба да биде наметнато во самите лига натпревари како потреба за да се пласираш или постигнеш успех, а не откако си успеал да те елиминираат зошто не можеш да фрлиш олово на 140+. Ете и тоа се виде. Во Шпанија се ловеше и на 150, но и на 100 и на 40 па и на 20 м. како на пр. светските прваци од Романија, па и самиот Банај од Хрватска.
Проблем 4
Јас ќе појдам од себе. Да сум член на форумов и да немам осетено што е тоа натпревар, гужва, притисок, би се задржал на нивото на љубопитност, да дознаам и научам нешто. Не би си дозволил да прозивам и да кажувам зошто се некои дрва. Немам моралнно право да делам памет за нешто што во животот не сум го пробал со лично учество. Би давал мислења, за успех и неуспех врз база на информации и сознанија од дома и од странство, но не би одел дотаму да гризам и да омаловажувам некого кој е директен учесник во натпреварувањата. Иако, за нас Македонците е интересно да читаме кога некого тепаат и Форумот е тогаш напосетен и најактивен, секогаш резултатот ќе биде повреден крапџија. Не е исто слободен и натпреварувачки.
Решение = нема, до оние е кои тоа го прават, бидејќи можат.
Проблем 5
Лигата 2016-та ќе биде оптеретена со гревовите од 2015-та. Време е да се адаптираме на ревири кои побаруваат ловење и натпреварување слично на СП. И по цена на слаби улови и резултати, сепак е адаптација на квалитетите за да се постигне успех и на двете нивоа. Време е за диви води, за далечини, па кој знае нека цепа и поблиску.
Решение = Преспанско, Велешко, Мавровица, Охридско, Дебарско .....
Проблем 6
Лично за Васил Костов. За крапскиот риболов направи повеќе од сите претседатели до сега заедно. Капа долу. Немој да те јаде јанѕа, заради сите овие случувања да влијаеш на стопирања, замрзнувања, повлекувања или откажувања. Се додека си таму ќе го играш орото и ќе ја носиш приказната на плеќи. Ќе собереш сили, сите актуелни проблеми кои тебе те тангираат, да превземеш мерки да ги решиш и да се дистанциараш кога си натпреварувач. Во спротивно, нема да биде доволно алиби реакциите на крапџиите, на рекреативците и сите риболовци. Напротив, ќе се потврди личното.
Бидејќи не се читаат долги постови, овде ќе застанам. Мислам дека кај и да е ќе се отворат теми за што понатаму.
Е мој професоре ... многу те сакам кога си вака реален .
_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.